STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 074 (Beating the innocent 2)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

74. Тепање на невиниот 2


Новиот учител беше многу поинаков. Дури и Јове, познатиот фаленичар, остана без зборови за методите што ги применуваше. Учителот се молеше, а потоа следеше шокот број 2.

Учителот: „Ако сакаме добро да се согласуваме, тогаш ни се потребни нови училишни правила. Сакам вие да ги предложите“.

Тоа му го одзеде здивот на Јове. Никогаш не се случило вакво нешто.

Ученичка: „Не препишувајте едни од други“.

Учителот: „Тоа е добро. Но правилата важат само кога има казна кога не се почитуваат“.

Joвe: „Три удари за оној што препишува“.

Леле! Во тоа време учениците биле казнувани со стап.

Наставникот го напиша ова и другите правила на таблата. Неколку недели сè одеше добро. Но едно утро учителот влезе во училницата и беше многу тажен.

Учителот: „Оставете ги книгите затворени. Имам лоши вести. Некој ги прекршил училишните правила и го украл сендвичот на Јове. Дали виновникот ќе признае?“

Сите го задржаа здивот. Малиот Томе кој седеше во првиот ред тептавеше:

Томе: „Јас… Јас го направив тоа. Бев… Бев многу гладен па го зедов. Многу ми е жал“.

Родителите на Томе беа многу сиромашни и често немаа храна. Никој не сакаше да го казнат. Но учителот мораше да биде доследен.

Учителот: „Вие ги поставивте правилата: виновната страна мора да биде казнета, во спротивно никој повеќе нема да се покорува. Томе излези напред пред класот. Казната за кражба е десет удари со стап“.

Учителот го зеде стапот.

Јове: „Чекајте, тоа беше мој сендвич. Му простувам“.

Учителот: „Јове, тоа е љубезно од тебе, но мора да има казна“.

Јове: „Тогаш натепајте ме мене наместо него, но не удирајте го Томе“.

Учителот: „Во ред. Така може. Во правилата се вели десет стапа, но не се кажува кој да ги добие“.

Тогаш класот искуси како невина личност доби ќотек кој требаше да го добие крадецот.

Тоа беше почеток на пријателството на Јове и Томе.

Сите внимателно слушаа додека учителот потоа им зборуваше за Исус Кој на Себе ја презеде казната за сите луѓе во светот.

Учителот: „Велики петок нè потсетува дека Исус е невин и дека е казнет на наше место. Сите ги прекршивме Божјите правила. Поради таа причина, Исус доброволно дозволи да биде казнет. Ја зеде смртната казна кога умре на крстот. Секој кој верува во Него е слободен и има вечен живот. Велигден е гаранција дека Исус воскресна и живее“.


Улоги: Раскажувач, учител, ученичка, Јове, Томе.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:49 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)