STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 039 (Stoning and crowning)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

39. Каменување и крунисување


Учениците од петто одделение напорно тренираа и со нетрпение ги очекуваа државните спортски натпревари. Сите го даваа најдоброто од себе. И на завршната церемонија можеа да се видат блескавите лица на тие кои добија награда.

Стојан трчаше како шампион. Замислете, ако тој почнеше добро, трчаше најбрзо, ги поминеше сите други и токму пред целта да седнеше настрана и да се откажеше. Незамисливо. Оној кој почнува добро, треба да трча добро и да го задржи темпото.

Тоа важи и за секого кој живее со Исус. Важно е со вера да се почне живот со Исус, но потоа зависи од тоа како трчаме и колку сме истрајни. Исус ни помага и можам да видам како го направил тоа со Стефан. Имало многу луѓе кои сакале да го одвратат од верувањето. Во Библијата пишува дека тие луѓе дошле и почнале расправија. Но Стефан не учествувал во расправијата. А тоа сите ги разгневило. Тие почнале насекаде да шират грди лаги во врска со Стефан, човек кој верувал во Бог и им помагал на сиромашните луѓе. Стефан дури морал да се појави на суд.

Обвинител: „Стефан го навреди Бог и кажа нешта кои се спротивни на законот“.

Судијата: „Дали обвинението е точно?“

Сите гледале во Стефан. Лицето му блескало како лице на ангел. Наместо да се брани, тој почнал да им раскажува за Исус.

Стефан: „Божјиот Син дојде на земјата. Го распнавте на крст. Но Бог Го воскресна од мртвите“.

Дури и на суд Стефан бил верен на Господ Исус. Тогаш погледнал кон небото и рекол:

Стефан: „Ги гледам небесата отворени и Исус како стои од десната страна на Бог“.

Кога ги слушнале тие зборови, гневната толпа луѓе се нафрлиле врз него. Го тепале, го изнесле надвор од градот и го каменувале. Стефан истрајал и Му останал верен на Исус. Го каменувале до смрт. Пред да умре, тој се молел.

Стефан: „Господе Исусе, доаѓам кај Тебе на небото; прости им ги гревовите“.

Патот до целта бил тежок. Но Стефан останал верен. А за тоа, Исус му дал круна на славата. Да веруваш во Исус и да бидеш верен секогаш вреди, за тешкотиите, омразата и презирот да го немаат последниот збор. Најдоброто допрва доаѓа.


Улоги: Раскажувач, обвинител, судија, Стефан.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:41 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)