Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 038 (A night in jail)
38. Ноќ во затвор
Не, на овие привидно добри луѓе тоа, едноставно, не им се допадна. Лицата им беа намуртени, на челата имаа брчки, а во нивните очи имаше завист.
Првиот фарисеј: „Колку долго треба да го гледаме ова?“
Вториот фарисеј: „Јас сум за ова: да им забраниме да зборуваат за Исус“.
Првиот фарисеј: „Ако ова продолжи, наскоро сите ќе веруваат дека Бог Го воскреснал Исус од мртвите“.
Вториот фарисеј: „Ајде да ги затвориме водачите“.
Такви биле фарисеите – се преправале дека се верници во Бог. Но, прво дозволиле Исус да биде распнат, а потоа сакале да ги натераат Неговите сведоци да бидат тивки. Чуварите на храмот се втурнале низ толпата. Ги фатиле Петар и Јован, ги однесле и ги затвориле во затвор во текот на ноќта.
Следното утро биле сослушани:
Судијата: „Кој ви кажа дека треба да проповедате? Како можете да правите чуда, како што направивте сакатиот човек да оди?“
Петар не дозволил да се исплаши. Смело рекол:
Петар: „Нè обвинувате затоа што помогнавме на еден сакат човек. Чудото се случи преку вера во Господ Исус, Кого вие Го распнавте, а Кого Бог Го воскресна од мртвите. Само Исус може да донесе спасение на луѓето – никој друг во целиот свет не може“.
Судиите биле изненадени од смелоста на Петар и разговарале едни со други што да прават со него.
Судијата: „Што да правиме со овој човек? Не можеме да го негираме фактот дека сакатиот човек може да оди; сите можат тоа да го видат“.
Судијата: „Но мора да спречиме другите луѓе да слушнат за тоа. Едноставно, ќе им забраниме да зборуваат за Исус“.
Петар и Јован биле повторно донесени.
Судијата: „Вам мажи, не ви е дозволено повторно да проповедате за Исус. Дали разбирате? Очекуваме да бидете послушни на оваа заповед, во спротивно…"
Но, Петар одговорил за себе и за Јован:
Петар: „Дали навистина очекувате повеќе да ви се покоруваме вам отколку на Бог? Невозможно е за нас да молчиме. Ние доживеавме толку многу нешта со Исус и мора да им кажеме на другите луѓе за Него“.
Уште еднаш биле предупредени да молчат, а потоа им било дозволено да одат.
Мора да Го слушаме Бог повеќе отколку луѓето. Исто како Петар и Јован.
Улоги: Раскажувач, двајца фарисеи, двајца судии, Петар.
© Copyright: CEF Germany