STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 038 (A night in jail) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
38. Ноќ во затворНе, на овие привидно добри луѓе тоа, едноставно, не им се допадна. Лицата им беа намуртени, на челата имаа брчки, а во нивните очи имаше завист. Првиот фарисеј: „Колку долго треба да го гледаме ова?“ Вториот фарисеј: „Јас сум за ова: да им забраниме да зборуваат за Исус“. Првиот фарисеј: „Ако ова продолжи, наскоро сите ќе веруваат дека Бог Го воскреснал Исус од мртвите“. Вториот фарисеј: „Ајде да ги затвориме водачите“. Такви биле фарисеите – се преправале дека се верници во Бог. Но, прво дозволиле Исус да биде распнат, а потоа сакале да ги натераат Неговите сведоци да бидат тивки. Чуварите на храмот се втурнале низ толпата. Ги фатиле Петар и Јован, ги однесле и ги затвориле во затвор во текот на ноќта. Следното утро биле сослушани: Судијата: „Кој ви кажа дека треба да проповедате? Како можете да правите чуда, како што направивте сакатиот човек да оди?“ Петар не дозволил да се исплаши. Смело рекол: Петар: „Нè обвинувате затоа што помогнавме на еден сакат човек. Чудото се случи преку вера во Господ Исус, Кого вие Го распнавте, а Кого Бог Го воскресна од мртвите. Само Исус може да донесе спасение на луѓето – никој друг во целиот свет не може“. Судиите биле изненадени од смелоста на Петар и разговарале едни со други што да прават со него. Судијата: „Што да правиме со овој човек? Не можеме да го негираме фактот дека сакатиот човек може да оди; сите можат тоа да го видат“. Судијата: „Но мора да спречиме другите луѓе да слушнат за тоа. Едноставно, ќе им забраниме да зборуваат за Исус“. Петар и Јован биле повторно донесени. Судијата: „Вам мажи, не ви е дозволено повторно да проповедате за Исус. Дали разбирате? Очекуваме да бидете послушни на оваа заповед, во спротивно…" Но, Петар одговорил за себе и за Јован: Петар: „Дали навистина очекувате повеќе да ви се покоруваме вам отколку на Бог? Невозможно е за нас да молчиме. Ние доживеавме толку многу нешта со Исус и мора да им кажеме на другите луѓе за Него“. Уште еднаш биле предупредени да молчат, а потоа им било дозволено да одат. Мора да Го слушаме Бог повеќе отколку луѓето. Исто како Петар и Јован. Улоги: Раскажувач, двајца фарисеи, двајца судии, Петар. © Copyright: CEF Germany |