STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 094 (Bad conscience 6)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

94. Немирна совест 6


Рингу ја украде органата на мисионерот. Сега го гризеше совеста. Крадењето никого не го прави среќен. Дали си го искусил тоа? Без оглед на тоа дали си зел нешто од продавница, или од чантата на мајка ти, не е важно. Има само еден начин повторно да се направи правилното.

Рингу го избра правилниот начин. Го замоли Исус за прошка и сакаше да го врати тоа што го украде.

Ги впрегна биковите на количката и ја стави органата на неа.

Бату: „Рингу, што правиш?“

Рингу: „Ќе ја вратам органата“.

Бату: „Луд ли си? Зошто ја украде, ако, едноставно, ја вратиш? Не те разбирам откога реши да веруваш во Исус“.

Рингу: „Качи се! Ќе ти раскажам сè за тоа додека одиме“.

Рингу брзаше да дојде до градот.

Му беше мило што веднаш ја најде госпоѓица Мери. Таа работеше како преведувач на Библијата во Индија.

Госпоѓица Мери: „Здраво на двајцата. Колку прекрасно од вас што дојдовте. Можам да ве исползувам. Ми недостасуваат неколку курку зборови во мојот превод. Ќе ми помогнете ли?“

Рингу: „Да, но прво треба да се сретнам со Сахиб Груб“.

Госпоѓица Мери: „Тој не е овде. Многу се разболе. Авионот го врати дома во Америка. Но лекарите повеќе не можеа да му помогнат. Сахиб Груб сега е на небото“.

Рингу: „Сахиб е на небото? Со Господ Исус? Сигурно е многу среќен таму. Но повеќе не е овде со нас“.

Госпоѓица Мери: „Не, не е повеќе овде со нас“.

Овие вести многу го растажија Рингу. Тој плачеше.

Госпоѓица Мери: „Види, имам слика од него. Сакаш ли да ја зачуваш?“

Рингу: „Благодарам многу. Ова е мојот Сахиб кој ми кажа за Господ Исус“.

Госпоѓица Мери: „Рингу, Бог има план за твојот живот. Верувам дека сака да им кажеш на другите луѓе за Него“.

Рингу: „Но јас, јас украдов нешто, органата. Надвор е во двоколката“.

Сега сè беше надвор на отворено. И на Рингу му олесна.

Госпоѓица Мери му прости. Со олеснување отиде до двоколката и го врати украдениот предмет.

Рингу: „Збогум госпоѓице Мери. Следниот пат кога ќе ве посетам ќе ви кажам повеќе курку зборови. Но сега треба да купиме дрва за огрев“.

И додека патуваа, тој се молеше.

Рингу: „Благодарам многу Господе Исусе што ми прости. Те молам кажи му на Сахиб дека ја вратив органата. Сега сум многу среќен и сакам да Ти служам“.

Бату: „Рингу, може ли да ми раскажеш за Исус?“

Рингу: „Да, сакам да ти раскажувам за Него секој ден“.


Улоги: Раскажувач, Рингу, Бату, госпоѓица Мери.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:53 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)