STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 020 (On the run 5)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

20. Во бегство 5


По патот до палатата на царот се слушал топотот на коњските копита. Врнело како од кофа! Кочијата не ни сопрела, а царот Ахав скокнал од неа и исчезнал во палатата.

Ахав: „Језавела, Језавела, не можеш да претпоставиш што се случи денеска. Оган падна од небото. Сите видоа дека Богот на Илија е вистински Бог. Ваал не можеше да помогне и сите негови свештеници се мртви“.

Царицата го слушнала секој збор. Дали ова вест, или барем дождот ќе ја убедат дека ГОСПОД е Бог? Не. Таа била многу гневна и не сакала да го слуша ова!

Језавела: „Ќе го убијам Илија“.

Кога Илија слушнал дека царицата сака да го убие, тој избегал. Трчал побрзо отколку што трчал во целиот свој живот. Трчал речиси 200 километри! Но, и покрај тоа, не се чувствувал безбеден. Затоа продолжил да трча на југ. Неговиот страв го одвел во пустината.

Што правиш ти кога си исплашен?

Бог бил и таму! Илија секогаш дозволувал Бог да го води. Но овојпат дозволил да го води неговиот страв. Кога веќе не можел да направи уште еден чекор, седнал под една грмушка и се помолил:

Илија: „Господе, не можам повеќе. Дозволи ми да умрам“.

Бог бил таму. Но Тој не одговорил на оваа молитва со „да“. Бог го оставил Илија да заспие, а потоа испратил ангел да го разбуди.

Ангел: „Илија, стани. Јади и пиј!“

Илија ги отворил очите и погледнал наоколу. Забележал стомна со вода и печен леб веднаш до него. Имал одличен вкус!

Илија повторно заспал и тоа се случило уште еднаш.

Бог бил таму. Божјиот гласник ја препознал таа вистина кога ја видел љубовта со која Бог се грижел за него, овде, среде пустина. Тогаш тој повторно можел да го слушне Божјиот глас. И со нова задача, се вратил назад.

Бог е тука! Ти, исто така, не треба да се плашиш. Сакам да те охрабрам со стих од Библијата:

„Господ е моја светлина и мое спасение; од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам?“ (Псалм 27:1)


Улоги: Раскажувач, Ахав, Језавела, Илија, ангел.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:37 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)