Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 019 (Who is the true God 4)
19. Кој е вистинскиот Бог 4
Царот Ахав бил гневен на Илија.
Ахав: „Овој пророк е виновен за тоа што не врне толку долго време“.
Ахав зборувал глупости. Зар заборавил дека големата суша дошла затоа што тој се откажал од Бог?
Поминале три години. Три години без ниту една капка дожд. А потоа Илија отишол кај царот Ахав.
Илија: „Царе Ахав, ако сакаш да врне повторно, тогаш собери го целиот народ и сите свештеници кои го обожаваат Ваал; ќе се сретнеме на планината Кармел. Таму ќе видиме кој е вистинскиот Бог: ГОСПОД или Ваал“.
Ахав го послушал Илија.
Следното утро, целиот народ се искачил на врвот на планината. Што ќе се случи? Илија повикал кон толпата луѓе:
Илија: „Колку долго ќе се колебате напред – назад? Решете денеска кому ќе служите: на ГОСПОД Бог – или на Ваал“.
Народот молчел. Тие гледале како Илија изградил олтар и оставил животно за жртва врз него. Свештениците на Ваал го направиле истото.
Илија: „Чекајте! Не палете оган! Секој ќе се моли на својот Бог. И Богот кој ќе направи да падне оган од небото е вистинскиот Бог“.
Следбениците на Ваал веднаш почнале да го повикуваат Ваал. Тоа го правеле повеќе часови. Но не добиле одговор од небото. Илија им се потсмевал:
Илија: „Ха. Треба да викнете посилно. Можеби, вашиот бог спие или можеби е на одмор!“
Кога Илија истурил вода врз неговиот олтар и врз дрвата, толпата луѓе замолкнале. Мокрото дрво нема да гори, зар не?
Со силен глас и со цело срце, Илија се молел:
Илија: „ГОСПОДЕ Боже, покажи им на Твоите луѓе денеска дека Ти си Бог на Израел, а јас сум Твој слуга“.
Леле! Одеднаш од небото паднал оган и ги изгорел жртвата, дрвата, камењата, дури и водата! Сè изгорело. Вчудовидени, луѓето паднале со лицата на земја и едногласно извикувале:
Народ: „ГОСПОД е Бог! ГОСПОД е Бог!“
Тогаш луѓето се увериле, а свештениците на Ваал ја добиле својата праведна награда, и сите тие морале да умрат.
ГОСПОД е Бог! Илија Му се помолил уште еднаш и тогаш задувал ветер и донесол темни облаци. Паднале првите капки дожд. Единствениот жив Бог предизвикал повторно да врне дожд.
Улоги: Раскажувач, Ахав, Илија, народ.
© Copyright: CEF Germany