STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 170 (Halloween – without me 2)

Previous Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

170. Ноќта на вештерките – без мене 2


Џејн: „Мислев дека ноќта на вештерките е брилијантна прослава и дека застрашувачките нешта се забавни. Но, кога сфатив дека празникот му се посветува на Сатаната, веќе не ми треба“.

Џејн не е единствената која повеќе не учествува во ноќта на вештерките.

Карл: „Јас стојам настрана од Франкенштајн пицата и пунчот на демоните. Супа од крв на пајак, гнасно. Ми се лоши“.

Девојче: „На часот по англиски јазик зборувавме само за ноќта на вештерките. Татко ми ѝ рече на наставничката дека тоа има мистично потекло. Тоа значи дека се присутни невидливи сили. Тогаш бев слободна да го напуштам часот“.

И зошто Ралф нема желба да ја слави ноќта на вештерките?

Ралф: „Верувам во Бог и повеќе сакам да го правам тоа што Тој го вели“.

Прочитај ги овие стихови од Библијата од Второзаконие 18, стих 9:

Ралф: „Да не навикнеш да правиш гнасотии, какви што правеле тие народи!“

Бог е љубов! Нè предупредува затоа што нè сака. Неговите заповеди се добри. Секој кој Го слуша нема да падне во стапицата на Сатаната.

Бети: „Не знаев дека ѓаволот стои зад ноќта на вештерките. Но прочитав за тоа во флаер. Тоа ме вчудовиди. Сега сите ги предупредувам за тоа. И го читав флаерот гласно во училиштето. И наставничката ми дозволи да го направам тоа. Верувам дека не сум единствената која дури сега слушнала за тоа. Но сега и јас велам: ноќта на вештерките – без мене! Верувам дека многу други набрзо ќе го кажат тоа. Ако знаев порано дека ноќта на вештерките е забава на Сатаната, никогаш немаше да бидам дел од неа“.

Можеби, и ти не го знаеше ова и учествуваш. Дали ти е жал за тоа? Не плаши се. Исус е победникот! Помоли Му се, Тој те слуша. На пример, кажи:

Момче: „Господе Исусе, Ти благодарам што ме сакаш. Те молам прости ми што учествував во ноќта на вештерките. Нема веќе да го правам тоа. Сега сакам да живеам за тебе и да го читам Твоето Слово, Библијата. Верувам во Тебе. Ти благодарам што умре за мојот грев. Амин!“

Исус веднаш одговара на ваков вид молитва. Ти простува затоа што те сака. И кога ќе Го примиш во твојот живот, Тој секогаш е со тебе. Ќе те заштитува.

Направи го тоа што го направи Бети: кажи им на другите кој стои зад ноќта на вештерките. Можеби, и тие ќе поверуваат во Исус и ќе кажат: ноќта на вештерките – без мене!


Улоги: Раскажувач, Џејн, Карл, девојче, Ралф, Бети, момче.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:09 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)