STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 169 (Halloween – without me 1)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

169. Ноќта на вештерките – без мене 1


Ева и Хауард ги залепија носовите на излогот на продавницата. Тиквите зад стаклото имаа злобни насмевки.

Ева: „Треба да напишам расказ за ноќта на вештерките. Уф, го гледаш ли черепот?“

Хауард: „Но, не е вистински!“

На Ева ѝ се наежи кожата.

Хауард: „Ќе дојдеш ли на забавата на ноќта на вештерките?“

Ева: „Не знам. Можеби. Но сега треба да одам дома“.

Пекарницата во соседството ги рекламираше нивните „ѓаволски добри колачиња“. Ноќта на вештерките носеше пари.

(звук на ѕвонче)

Мајката: „Најпосле си дома“.

Ева: „Гладна сум (звук на прибор за јадење на чинија). Каде се главите направени од тикви кои беа на прозорецот?“

Таткото: „Тие ја плашат внатрешноста на кантата за ѓубре“.

Ева: „Во канта за ѓубре???“

Мајката: „Прочитај го овој напис во денешниот весник“ (звук на шушкање на весникот).

Ева за малку ќе се задавеше со пицата кога прочита што значеше ноќта на вештерките:

31 октомври – вештерки – и забава за Сатаната. Приказната е стара околу 2000 години. Нова година на Келтите. Тие живееле без Бог. Верувале во многу богови и дека Самхаин, богот на мртвите, доаѓа оваа ноќ и ги собира мртвите.

Ева: „Тогаш ноќта на вештерките е забава за ѓаволот“.

Ноќта на вештерките – халовин е англиска скратеница за „ноќта на сите мртви“. На тој ден волшебниците длабеле репи, ставале свеќи во нив, ги поставувале пред нивните куќи и извикувале: „Подарок или проклетство“. Кој не жртвувал за Самхаин бил проколнат.

Таткото: „Маскираните деца кои молат за слатки нè потсетуваат на овој безбожнички обичај. Во Библијата се вели: избегнувајте зло. Ноќта на вештерките е ноќ на злото“.

Мајката: „Не го знаев тоа. Но, почнувајќи отсега – „ноќ на вештерките“ – без мене“.

Таткото: „Дали прочитавте за жртвите?“

Ева пребледе кога прочита дека луѓе му принесуваат жртви на Сатаната. Многу ужасно! Ѓаволот е лажго и убиец. Ноќта на вештерките е негов ден.

Таткото: „Бог рече дека не треба да учествуваме во безбожнички обичаи. Затоа и јас велам: ноќ на вештерките – без мене!“

А што е со тебе? Дали веруваш во Исус Христос? Ако е така, имаш вистинска радост што може да се добие без ужасни забави.

Ева: „Нема да одам на забавата на ноќта на вештерките. СМС Хауард: ноќта на вештерките – без мене!“

А, се надевам, и без тебе!

Сакаш ли да дознаеш повеќе за ноќта на вештерките? Тогаш пиши ми!


Улоги: Раскажувач, Ева, Хауард, мајката, таткото.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:09 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)