STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 086 (Prayer prohibited 4)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

86. Забранета молитва 4


Управниците на царот сакале да го отстранат Даниел.

Првиот управник: „Дали ги слушнавте најновите озборувања?“

Вториот управник: „Се разбира! Даниел треба да биде вториот најмоќен човек во целото царство. Мора да најдеме причина за да го собориме“.

Првиот управник: „Тоа нема да биде многу лесно“.

Вториот управник: „Што ќе биде, ако најдеме нешто поврзано со неговата религија? Се моли трипати секој ден на неговиот Бог. Би можеле да предложиме нов закон против тоа, да му го однесеме на царот и…“

А зошто? Даниел никогаш не им направил ништо лошо на тие луѓе. Бог го поставил на една од највисоките позиции во земјата. И токму тоа ги разгневило другите; биле љубоморни.

Првиот управник: „Брзо сега да одиме кај царот. Сè уште го нема потпишано новиот закон“.

Вториот управник: „Царе Дариј, сите принцови мислат дека ти, о, царе, треба да потпишеш нов закон. Имено: секој кој ќе упати молба до кој било друг човек или бог, освен тебе, во следните 30 дена треба да биде фрлен во лавовска јама. Овој закон нека биде јавен и никој да не може да го смени“.

Царот не го проѕрел нивниот злобен план и го потпишал новиот закон. Но во животот на Даниел, Бог секогаш го имал првото место, па за него тој закон не сменил ништо! Продолжил да се моли и неговите непријатели гледале како го прави тоа.

Првиот управник: „Царе Дариј, само што потпиша нов закон со кој се забранува некој да упати молба за нешто до човек или до Бог“.

Царот: „Да, тоа е вистина“.

Вториот управник: „Даниел сè уште се моли трипати секој ден на својот Бог. Го видовме како го прави тоа. Значи, тој треба да биде храна за лавовите“.

Царот: „Даниел?“

Царот го сакал Даниел и сакал да го заштити. Но законот е закон.

Царот: „Даниел, нека ти помогне твојот Бог“.

Потоа го фрлиле Даниел во лавовска јама.

Ноќта царот воопшто не заспал. Следното утро побрзал кон лавовската јама.

Царот: „Даниел, дали твојот Бог те заштити?“

Даниел: „О, царе, жив да си довека. Мојот Бог испрати ангел кој им ги затвори устите на лавовите, па тие не ме повредија“.

Царот бил многу среќен кога слушнал дека Даниел сè уште е жив, па заповедал да го извадат од јамата. Даниел немал ниту гребаници, ниту повреди. Чудо од Бог!

Даниел бил почестен, а неговите непријатели биле фрлени во лавовската јама.

Царот: „Во целото мое царство сите луѓе треба да го почитуваат Богот на Даниел. Тој е живиот Бог Кој спасува и помага“.

Верата на Даниел имала одлични последици.

Живиот Бог ќе ја награди и твојата вера и доверба во Него.


Улоги: Раскажувач, двајца управници, царот, Даниел.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:51 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)