STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 085 (The fiery oven miracle 3)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

85. Чудото во огнената печка 3


Големата статуа била завршена. Била широка речиси три метри и висока триесет метри. Никој не можел да не ја види!

Царскиот гласник: „Слушајте! Царската заповед е за сите. Кога ќе ја слушнете музиката треба да клекнете и да ѝ се поклоните на златната статуа што ја подигна царот Навуходоносор. Кој нема да клекне и да се поклони ќе биде фрлен во вжештена огнена печка“.

Се разбира, секој морал да се појави на осветувањето на статуата. Тивко, тројца мажи стоеле настрана. Тие не биле израдувани од таа покана. Пред многу години тие биле заробени и однесени од нивниот дом во Израел. Го изгубиле домот, но не ја изгубиле верата во Бог.

И знаеле дека заповедта на царот отишла предалеку. Поклонување на идол – никогаш!

(звук на музика) Сите клекнале и ѝ се поклониле на статуата, освен тројцата пријатели. Тоа привлекло внимание.

Обвинител: „Царе, ти заповеда дека секој треба да ѝ се поклони на златната статуа. Тројца Евреи не ти се покоруваат“.

Царот: „Што? Не се покоруваат на мојата заповед? Донесете ми ги веднаш“.

(Пријателите на Даниел биле однесени кај царот.)

Царот: „Вистина ли е дека нема да се поклоните на златната статуа? Ќе ви дадам уште една можност. Ако пак одбиете, веднаш ќе бидете фрлени во огнена печка. Немојте да помислите ни за миг дека тогаш Бог може да ве спаси“.

Што би било поважно за тебе во тој миг? Твојот живот или да Му бидеш верен на Бог? Тројцата пријатели не требало да размислуваат многу за прашањето.

Пријателите на Даниел: „Ако нашиот Бог сака, навистина може да нè спаси од огнената печка. Но дури и да не го направи тоа, ние ќе Му останеме верни. Никогаш нема да се поклониме на идол“.

Тие мажи го сакале Бог повеќе од сè. Навуходоносор се разгневил.

Царот: „Загрејте ја печката да биде седумпати пожешка од обично и фрлете ги во огнот“.

Потоа тројцата пријатели биле фрлени во огнената печка. Било толку жешко, што војниците што ги фрлиле внатре умреле од жештината.

Царот се загледал во огнот.

Царот: „Гледам четворица мажи кои шетаат во огнот. Еден од нив има изглед на Бог“.

Царот ја отворил вратата на печката.

Царот: „Излезете слуги на Семоќниот Бог!“

Без да бидат изгорени, мажите излегле. Ниту косата им била изгорена, ниту имало мирис на оган на нивната облека. Бог навистина ги спасил од огнот.

Го познаваш ли овој Бог Кој може да направи такви чуда? Остани му верен, секогаш и насекаде.


Улоги: Раскажувач, царскиот гласник, обвинителот, царот, пријателите на Даниел.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:51 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)