Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 025 (The saddest story)
25. Најтажниот расказ
Знаете ли кои никогаш немале роденден?
Адам и Ева! Тие не биле родени, туку Бог ги создал. Но тие биле среќни како да имале роденден секој ден. Тие живееле со Бог. Разговарале со Него и го слушале Неговиот глас. Никогаш немале расправии, болести, или грижи. Бог им дал толку многу и им рекол:
Бог рекол: „Можете да јадете од секое дрво во градината, освен од дрвото кое е на средината во градината. Дури не го ни допирајте тоа дрво, инаку ќе умрете“.
Сè им припаѓало ним, само со овој еден исклучок. Адам и Ева го сакале Бог и затоа со задоволство Му се покорувале.
Но тогаш им се приближил некој на кого никогаш не му се допаѓало кога некој бил во добри односи со Бог. Тоа бил ѓаволот. Тој порано бил ангел. Бил горд и сакал да биде како Бог, па затоа бил исфрлен од небото.
Ѓаволот: „Дали Бог навистина рече дека не смеете да јадете од дрвата?“
Ева: „Ние можеме да јадеме од секое дрво, освен од ова, во спротивно ќе умреме“.
Ѓаволот: „Нема да умрете“.
Божјиот непријател е стар лажго. Тој ги извртува Божјите зборови и сее сомневања. Ева ја знаела Божјата заповед напамет, но сепак го послушала ѓаволот, искушувачот. Кога го погледнала плодот на дрвото, ѝ се допаднал, па набрала, јадела и му дала и на Адам, кој стоел веднаш до неа.
Непослушноста е грев, а гревот носи ужасни последици. Веќе ништо не било како порано.
Бог рекол: „Адам, каде си?“
Кога Бог ги викнал, тие биле исплашени, па се скриле од Него. Почнале да се обвинуваат еден со друг. Гревот не нè прави среќни и праведниот Бог морал да ги казни. Платата за гревот е смрт; тоа значи дека ние сме одвоени од Бог засекогаш. Адам и Ева морале да заминат од рајот.
Се случило најлошото можно нешто на светот: гревот дошол во светот. Од тој миг, секоја личност е грешник. Но Бог е љубов, затоа уште тогаш ветил Спасител, Спасител кој ќе го земе нашиот грев врз Себе и со тоа ќе ни даде нов почеток.
Следната драма ќе ви каже за тоа кој е тој Спасител.
Улоги: Раскажувач, ѓавол, Ева, Божјиот глас.
© Copyright: CEF Germany