Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 024 (Very good)
24. Многу добро
Во петто одделение сите беа возбудени. Наставникот ги врати тестовите по математика. Некои воздивнуваа со олеснување. Нивните оценки не беа толку лоши како што очекуваа.
Во Библијата ја открив оценката за која многу деца сонуваат: 5+!
Дали знаеш каде се наоѓа? На страницата каде се опишува како Бог создал сè. Неговото создание доби оценка 5+.
Постојано се восхитувам од тоа колку прекрасно Бог создал сè: твојот мил глушец-мрзливец, мачето, кучето. Малите мравки, силните слонови. Смешните мајмуни, сите риби и птици.
Пред да ги создаде животните, Бог создал дрвја и растенија да растат за да можат животните да се хранат. Освен тоа и многу цвеќиња: малото кокиче и големиот сончоглед, убавата роза и мирисливата темјанушка. На сите нив Бог им дал семиња да се размножуваат. Создателот мислел апсолутно на сè. Прво тој ја создал светлината, затоа што без светлина не е возможен животот.
Бог создал сè. Знаеш ли како?
Преку Неговиот збор. Тој рекол: Нека биде светлина и се создала светлина. Сè што можеш да видиш Бог го создал преку Неговиот збор. На почетокот немало ништо од кое би можело да расте или да се развива нешто.
Нема случајност, нема голема експлозија – само семоќниот Бог можел да создаде нешто од ништо.
А потоа било создадено најдоброто нешто.
Бог рекол: Да создадеме луѓе. И Тој ги создал мажот и жената според Неговите добри мисли.
На шестиот ден Бог погледнал сè што направил и бил задоволен, зашто било многу добро. И им дал сè на Адам и Ева.
Тие имале прекрасен живот со Бог во рајот – сѐ додека еден ден не се случило нешто ужасно.
Во следната драма ќе ви раскажам за најужасната случка што некогаш се случила.
Улоги: Раскажувач.
© Copyright: CEF Germany