Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 050 (Attention danger of an avalanche)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

50. Внимание, опасност од лавина


Едно момче чуваше овци на швајцарските планини. Ги сакаше цвеќињата и блескавите глечери. Еден планинар дојде по тесната планинска патека.

Планинар: „Здраво, како се викаш?“

Хенри: „Здраво, јас сум Хенри“.

Планинар: „Дали си сам овде?“

Хенри: „Да, на одмор сум и се грижам за овците на татко ми“.

Планинар: „Значи ти си овчар. Дали го познаваш добриот Пастир?“

Хенри: „Не, кој е тој?“

Планинар: „Господ Исус. Во Библијата пишува дека луѓето се како непослушни овци кои со задоволство одат по својот пат. Добриот Пастир нè бара. Сака да нè води, да се грижи за нас и еден ден да нè земе на небото“.

Хенри: „Ќе ме земе ли таму кога ќе умрам?“

Планинар: „Да. Само треба да го замолиш да стане твој Пастир“.

Хенри: „Сакам да го направам тоа сега“.

Хенри кажа едноставна молитва. Доаѓаше од неговото срце. Сакаше да Му припаѓа на Исус. Пред да продолжи, планинарот му рече на Хенри:

Планинар: „Отсега засекогаш Му припаѓаш на добриот Пастир. Можеш да кажеш: ’Господ е мој Пастир‘. Погледни, можеш да ги користиш прстите за да го запомниш овој стих од Библијата“.

Хенри го повтори стихот и подигаше по еден прст од левата рака за секој збор. Особено цврсто го држеше четвртиот прст и рече:

Хенри: „Господ е мој Пастир“.

Среќен, им кажа на родителите за тоа. Одморот му заврши и Хенри повторно требаше да оди на училиште.

Дојде зима. А зимата може да биде многу опасна на швајцарските планини. Понекогаш постои опасност од лавини.

Хенри газеше низ високиот снег. Одеднаш слушна грмење. Сакаше да избега, но беше многу доцна. Лавината го покри и го закопа под голем слој снег.

Кога се стемни родителите почнаа да се загрижуваат. Го бараа повеќе часови. Кога конечно го пронајдоа, видоа дека тој цврсто го држи четвртиот прст од левата рака. Додека умираше, Хенри се сети на неговиот добар Пастир.

Неговите родители беа многу тажни. Но ги тешеше тоа што знаеја дека еден ден повторно ќе го видат Хенри на небото. Еден ден кога ќе бидат со добриот Пастир засекогаш.

Можеш ли и ти да кажеш: „Господ е мој Пастир“?


Улоги: Раскажувач, планинар, Хенри.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:44 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)