STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 051 (Two gifts) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
51. Два подарока1. Пријател: „Знаеш ли како е нашиот пријател?“ 2. Пријател: „Лошо“. 1. Пријател: „Сигурно е ужасно да мораш да лежиш дење и ноќе и да не можеш да се движиш наоколу“. 2. Пријател: „Многу ми е жал за него“. 1. Пријател: „Треба да го однесеме кај Исус. Тој е во Капернаум. Може да го излекува“. Овие луѓе биле вистински пријатели. Не го оставиле својот сакат пријател. Го однесле на неговиот душек кај Исус. За жал, малку задоцниле. Куќата каде што проповедал Исус била речиси полна. Имало толпа луѓе дури и пред вратата. Тоа им оневозможило да поминат низ вратата. Сите сакале да Го слушаат Исус. Никој не можел да поучува за Бог толку добро како што Тој поучувал. 2. Пријател: „Имам идеја. Ги гледате ли скалите што водат до покривот?“ 1. Пријател: „Можам да замислам што мислиш. Да го направиме тоа! Да одиме!“ Внимателно по скалите го качиле нивниот пријател на рамниот покрив. Потоа направиле дупка на глинениот покрив и го спуштиле болниот пријател на душекот пред Господ Исус. Дали ќе му помогне? Исус ги погледнал пријателите. Ја видел нивната вера и поради тоа му рекол на сакатиот човек: Исус: „Простени ти се гревовите“. Исус му простил. Никој не го очекувал тоа. Некои луѓе помислиле: „Како може да проштава гревови? Само Бог може да ни прости“. Зар тие сè уште не разбрале дека Исус е Божјиот Син кој може да проштава гревови? Исус знаел што размислуваат. Исус: „Што размислувате во главите? Што е полесно да се каже: ,Простени ти се гревовите‘ или ,Стани, земи си го душекот и оди‘? Ќе видите за миг дека ги можам двете“. Тогаш Исус му рекол на сакатиот: Исус: „Ти заповедам: Стани! Земи си го душекот и оди си дома“. Никој не мрднал. Тогаш сакатиот човек почнал да се движи! Застанал, го завиткал душекот и почнал да оди. Исус го излекувал. Сите Го славеле Бог поради тоа. Зачудени рекле: Луѓе: „Никогаш порано не сме виделе вакво нешто“. Еден човек заминал дома богато благословен. Кои се двата подароци кои Исус му ги дал на сакатиот човек? Пиши ни и ќе ти одговориме. И секогаш памети: Исус сака да те благослови! Улоги: Раскажувач, двајца пријатели, Исус, луѓе. © Copyright: CEF Germany |