STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 127 (Too late) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
127. ПредоцнаПристигнале до брегот и излегле од чамецот. Конечно! На Јаир очајно му бил потребен Исус. Се втурнал низ толпата луѓе и паднал пред нозете на Исус. Јаир: „Ќерка ми умира. Дојди брзо. Те молам стави ги рацете на неа за да биде излекувана“. Исус тргнал со него. Морале да побрзаат. Зошто Исус одеднаш застанал? Исус: „Кој ме допре?“ Човек: „Не бев јас. Но сите се туркаат и се влечат“. Исус се свртел и видел жена која застанала пред Него треперејќи. Жената: „Сакав само да ги допрам полите на Твојата наметка. Бев болна дванаесет години. Ниеден лекар и ниеден лек не ми помогнаа. Ги дадов сите свои пари за да можам да оздравам. Но, кога ја допрев Твојата облека, веднаш се излекував!“ Исус: „Твојата вера те оздраве. Не плаши се!“ Верата помага! Нема да бидеш разочаран, ако веруваш во Исус. Или мислиш дека тоа може некогаш да се случи? Гласник: „Каде е Јаир? Јаир, имам лоши вести за тебе: ќерка ти е мртва“. Таа имала само дванаесет години. Верата на Јаир била опасно близу до исчезнување, како пламен на свеќа при ветер. Исус: „Не плаши се. Наместо тоа верувај Ми!“ Овие зборови на Исус уште еднаш ја запалиле неговата вера. Тогаш ја виделе куќата на Јаир. Уште од улицата можело да се слушне лелекањето и плачењето на тие кои тагувале. Исус: „Зошто плачете? Детето не е мртво“. Сите Му се потсмевале на Исус. Ја виделе со свои очи. Исус ги испратил сите луѓе. Само на родителите и тројца Негови блиски пријатели им било дозволено да дојдат со Него во спалната соба каде што лежело девојчето. Во собата владеела мртва тишина. Дали Јаир размислувал за зборовите на Исус: „Не плаши се. Наместо тоа верувај Ми“? И во што требало да верува тогаш? Исус отишол до креветот на мртвата ќерка и ја фатил за рака. Исус: „Талита Куми! Ќерко, стани!“ Родителите виделе како девојчето ги отворило очите и станало од креветот. Исус: „Дајте ѝ нешто да јаде“. Господ го рекол ова, Оној Кој лекува болни и воскреснува мртви. Исус може да направи сè! Освен едно нешто: не може да ги разочара тие кои веруваат во Него. Затоа, што и да се случи во твојот живот не плаши се, наместо тоа верувај Му! Улоги: Раскажувач, Јаир, Исус, човек, жена, гласник. © Copyright: CEF Germany |