Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 127 (Too late)
127. Предоцна
Пристигнале до брегот и излегле од чамецот. Конечно! На Јаир очајно му бил потребен Исус. Се втурнал низ толпата луѓе и паднал пред нозете на Исус.
Јаир: „Ќерка ми умира. Дојди брзо. Те молам стави ги рацете на неа за да биде излекувана“.
Исус тргнал со него. Морале да побрзаат. Зошто Исус одеднаш застанал?
Исус: „Кој ме допре?“
Човек: „Не бев јас. Но сите се туркаат и се влечат“.
Исус се свртел и видел жена која застанала пред Него треперејќи.
Жената: „Сакав само да ги допрам полите на Твојата наметка. Бев болна дванаесет години. Ниеден лекар и ниеден лек не ми помогнаа. Ги дадов сите свои пари за да можам да оздравам. Но, кога ја допрев Твојата облека, веднаш се излекував!“
Исус: „Твојата вера те оздраве. Не плаши се!“
Верата помага! Нема да бидеш разочаран, ако веруваш во Исус. Или мислиш дека тоа може некогаш да се случи?
Гласник: „Каде е Јаир? Јаир, имам лоши вести за тебе: ќерка ти е мртва“.
Таа имала само дванаесет години. Верата на Јаир била опасно близу до исчезнување, како пламен на свеќа при ветер.
Исус: „Не плаши се. Наместо тоа верувај Ми!“
Овие зборови на Исус уште еднаш ја запалиле неговата вера. Тогаш ја виделе куќата на Јаир.
Уште од улицата можело да се слушне лелекањето и плачењето на тие кои тагувале.
Исус: „Зошто плачете? Детето не е мртво“.
Сите Му се потсмевале на Исус. Ја виделе со свои очи. Исус ги испратил сите луѓе. Само на родителите и тројца Негови блиски пријатели им било дозволено да дојдат со Него во спалната соба каде што лежело девојчето. Во собата владеела мртва тишина. Дали Јаир размислувал за зборовите на Исус: „Не плаши се. Наместо тоа верувај Ми“? И во што требало да верува тогаш?
Исус отишол до креветот на мртвата ќерка и ја фатил за рака.
Исус: „Талита Куми! Ќерко, стани!“
Родителите виделе како девојчето ги отворило очите и станало од креветот.
Исус: „Дајте ѝ нешто да јаде“.
Господ го рекол ова, Оној Кој лекува болни и воскреснува мртви.
Исус може да направи сè! Освен едно нешто: не може да ги разочара тие кои веруваат во Него.
Затоа, што и да се случи во твојот живот не плаши се, наместо тоа верувај Му!
Улоги: Раскажувач, Јаир, Исус, човек, жена, гласник.
© Copyright: CEF Germany