STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 126 (So close – and yet so far) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
126. Толку блиску, а сепак толку далекуЧовек: „Само да го имав „тоа“, што и да е „тоа“. Ми недостига нешто. Како во светот можам да го добијам тоа?“ Нешто недостасуваше во животот на младиот управник. Иако никој не го забележа тоа. Тој беше успешен, добро изгледаше и беше многу богат. Но нешто му недостасуваше. И тој го знаеше тоа. Може ли тоа да недостасува и во твојот живот? Тој немаше мир во врска со тоа. Како да го добие? Исус требаше да го знае одговорот. Човек: „Учителе добар, што треба да направам за да добијам вечен живот?“ Тоа беше она што недостасуваше. Вечен живот што почнува со вера во Исус и продолжува на небото откога ќе умреме. Го сакаше тоа. Исус: „Ако сакаш вечен живот, тогаш исполнувај ги заповедите: Не кради, не врши прељуба, не лажи, не убивај, почитувај ги татко ти и мајка ти“. Човек: „Ги исполнувам тие заповеди целиот мој живот“. Дали можеш да го дадеш тој одговор? Исус: „Тогаш продај сè што имаш и раздели им го на сиромашните луѓе. И дојди следи Ме“. Кога младиот управник го слушна тоа, беше многу изненаден зашто беше многу богат. Тажен, се сврти настрана. Парите му беа многу поважни од Исус и вечниот живот. Девојче: „Не може ли човек да биде богат и сè уште да Го следи Исус?“ Се разбира. Прашањето повеќе е: што е на прво место? Ајде да направиме еден експеримент. Девојче: „За што служи свеќата?“ Ја споредувам свеќата со Исус, Кој е Светлината на светот. Момче: „Може ли да ја запалам?“ (звук на палење кибритче) Девојче: „Гори многу убаво“. Што ќе се случи, ако држев банкнота од 1000 денари пред свеќата? Девојче: „Парите ќе ја скриеја светлината“. Девојче: „Сфатив! Парите му биле највисока вредност, а Исус бил на второ место“. Девојче: „Тие го одвојуваа од Исус“. Можеше да заврши поинаку. Сега ќе ги ставам парите зад свеќата. Момче: „Сега Исус е на прво место, а парите светкаат“. Гледаш ли колку е важен редоследот на приоритетите? Во животот на богатиот млад управник, парите биле на прво место. Поради оваа причина, колку што знаеме, го пропуштил вечниот живот на небото. Многу е лошо што неговата приказна завршила така. Се надевам дека твојот живот со Исус ќе има „среќен крај“. Продолжи да се прашуваш дали има нешто во твојот живот што е пред Исус. Улоги: Раскажувач, човек, Исус, девојче, момче. © Copyright: CEF Germany |