Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 128 (No more thirst)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

128. Нема веќе жед


Многумина од жителите на градот секогаш ја избегнувале.

Жената Самарјанка: „Сите покажуваат со прст кон мене. Како сè во нивните животи да е совршено. Па, се надевам дека нема да сретнам никого кога ќе одам до бунарот да нацрпам вода“. (звук на одење по каменлива патека)

Во 12 часот напладне жената ја зела стомната за вода и излегла од градот. Во тоа време на денот, кога сонцето било најжешко, ретко некогаш среќавала некого на патот. Нормално, жителите на градот Сихар оделе на бунарот или наутро или навечер.

Жената Самарјанка: „О, Боже, кој седи таму кај бунарот?“

Исус: „Дај Ми да се напијам вода“.

Жената Самарјанка: „Зошто зборуваш со мене? Ти си Евреин, а јас сум Самарјанка“.

Зар туѓинецот не знаел дека Евреите ги избегнувале Самарјаните затоа што се женеле со туѓинци и се поклонувале на идоли? Тој сепак го знаел тоа. Но никогаш не ги избегнувал тие кои биле отфрлени. Не Тој. Исус е поинаков.

Исус: „Ако знаеше Кој сум Јас, тогаш ќе Ме прашаше и ќе ти дадам жива вода“.

Жената Самарјанка: „Како ќе нацрпиш вода? Бунарот е длабок“.

Исус: „Кој пие од оваа вода повторно ќе ожедни. Но водата што Јас ја давам ти ја гаси жедта засекогаш“.

Желбите на нашето срце се како да сме жедни. Откога ќе бидат исполнети, се појавуваат нови желби. И тоа така ќе продолжи. Срцето никогаш не е задоволно. Жедта никогаш не се гаси. Ниедно големо искуство, ниту спортски награди, ниту еден добар пријател или нешто друго не може да ја задоволат таа жед. Таа жед во животот можел да ја изгасне само Оној што седел кај бунарот. Жената го почувствувала тоа.

Жената Самарјанка: „Дај ми ја таа вода и никогаш повторно нема да треба да доаѓам на бунарот“.

Исус: „Оди доведи го твојот сопруг“.

Жената Самарјанка: „Не сум мажена“.

Исус: „Знам. Си имала пет сопрузи. А човекот со кого живееш сега не ти е сопруг“.

Исус знаел сè за неа. И сепак не ја отфрлил.

Жената Самарјанка: „Бог Те испрати. Знам дека Спасителот ќе дојде“.

Исус: „Јас Сум Тој“.

Исус ѝ ги простил гревовите и ѝ дал нов живот, кој ја задоволил. Пресреќна, жената ја оставила стомната со вода и трчајќи се вратила назад во градот и ги поканила сите да дојдат кај Исус.

А јас те канам тебе. Дојди кај Исус. Тогаш ќе го кажеш тоа што луѓето од Сихар го кажале:

Дете: „Сега верувам во Исус. Но не затоа што ти го кажа тоа, туку затоа што самиот Го запознав. Тој навистина е Спасителот на светот“.


Улоги: Раскажувач, жената Самарјанка, Исус, дете.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:00 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)