Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 167 (Super idea, Aunt Margret 5)
167. Супер идеја, тетко Маргарет 5
Рут и Филип ги завиткаа подароците за Тери и побрзаа. Нивниот болен пријател ќе биде многу изненаден.
Среде шумата ја сретнаа мајка му на Тери. Плачеше. Рут се обиде да ја утеши и да ѝ каже за Исус, Добриот Пастир Кој ја бара и ќе ѝ помогне затоа што ја сака.
Филип: „Донесовме нешто и за тебе (ѕвечкање на пари). Ова е сè што имаме. Со нив можеш да купиш млеко за Тери“.
Мајката: „Благодарам многу, многу сте љубезни. Одете, Тери ве чека“. (звук на чекори)
Филип: „Рут, дали си ми лута затоа што ги дадов сите наши пари?“
Рут: „Не. И Добриот Пастир си го жртвуваше животот кога умре на крстот. Значи, не можеме да бидеме скржави“.
Тери беше среќен со подароците. Но сепак беше поразочаран од кога и да било порано.
Тери: „Лекарот рече дека повеќе не може да ми помогне. Повеќе сакам да умрам“.
Филип и Рут почнаа да се прашуваат дали Бог им ги слушнал молитвите. Зошто не направи чудо?
Вечерта се вратија дома натажени. Тетка Маргарет прекрасно ја имаше исчистено гостинската соба.
Тетка Маргарет: „Што мислите, да им дозволиме на Тери и мајка му да живеат со нас?“
Рут: „Одлично! Тоа е одлична идеја!“
Брза помош го донесе Тери во куќата. Му се допадна неговата соба. Неговиот кревет беше близу до прозорецот.
Тери: „Ова е прекрасно“.
Потоа ја погледна сликата на ѕидот. Исус, Добриот Пастир, ја подава Својата рака за да ги спаси изгубените овци.
Тери: „Рут, сакам слика на која пастирот овцата што ја најде ја држи во своите раце“.
Пасторот Робингер му донесе една. На сликата имаше многу овци. Исус одеше напред и носеше овца во рацете.
Тери: „Каде ја носи?“
Пасторот: „Дома“.
Тери: „Каде е тоа?“
Пасторот: „Таму каде што живее Исус. Каде што нема повеќе солзи, нема болка“.
Тери: „Нема болка? Дали сите одат таму?“
Пасторот: „Сите кои Му припаѓаат на Добриот Пастир“.
Тери: „Сакам да Му припаѓам и да одам кај Него“.
Тери се помоли и цврсто ја држеше сликата во раката. Потоа заспа.
Но, што значат сите чекори во куќата среде ноќ?
Ќе ти го кажам одговорот во следната драма.
Улоги: Раскажувач, Филип, Рут, мајката, Тери, пасторот, тетка Маргарет.
© Copyright: CEF Germany