Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 166 (Must Terry die 4)
166. Мора ли Тери да умре 4
Филип: „Рут, дали мислиш дека Тери ќе умре?“
Рут: „Но се молев Исус да го излекува“.
Филип: „И јас. Но не знам дали Исус ме слушна“.
Рут: „Ако си една од овците на Добриот Пастир, Тој секогаш те слуша“.
Филип: „Како се прави тоа?“
Рут: „Кажи Му дека сакаш да Му припаѓаш“.
Рут му ја покажа на брат ѝ сликата на Добриот Пастир што ѝ ја даде пасторот.
Филип гледаше во неа долго време.
Филип: „Да, сакам да го направам тоа. Те молам остави ме сам“.
Набрзо неговото блескаво лице откри дека сега Му припаѓа на Исус. И едно писмо од Тери ги направи двете деца пресреќни:
„Драг Филип, драга Рут повеќе не сум во болница. Ве молам дојдете да ме посетите. Мојата адреса е колиба Бреза на потокот во шумата Вилден. Вашиот Тери“.
Колиба Бреза на потокот? Нивниот пријател живеел во таа распадната колиба?
Филип внимателно тропна на вратата. (звук на тропање)
Мајката: „Што сакате?“
Рут: „Тери нè покани“.
Мајката: „Вие ли сте децата што беа со Тери кога имаше несреќа? Влезете“.
Тери лежеше неподвижен во креветот. Изгледаше страшно, слаб и блед. Заплака кога ги виде двајцата пријатели. Филип и Рут не знаеја за што да разговараат со него. Во неговата соба беше мрачно и задушливо.
Тери имаше големи болки. За ручек испи чаша чај и касна тенко парче леб. Филип и Рут никогаш не помислија дека Тери е толку сиромашен.
Дома сè ѝ раскажаа на тетка Маргарет и решија да го посетуваат Тери секој ден.
Филип: „Ќе му го однесам мојот албум со цртежите на шумата“.
Рут: „А јас ќе земам торба со јаболка и Библија со приказни за Добриот Пастир“.
Филип: „Ќе ѝ дадеме на мајка му пари од нашата касичка за да може да купи млеко за Тери“.
Рут: „Зар не би биле доволни половина од парите?“
Филип: „Ќе ги земеме сите со нас и ќе решиме по патот“.
И токму тоа го направија.
Можеш ли да погодиш со кого се сретнаа на патеката среде шумата?
Ќе дознаеш во следната драма.
Улоги: Раскажувач, Филип, Рут, мајката.
© Copyright: CEF Germany