Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 168 (All is well with Terry 6)
168. Сѐ е во ред со Тери 6
Филип и Рут спиеја добро. Тие не ги слушнаа многуте чекори во куќата. Не знаеја дека лекарот седеше во поголемиот дел од ноќта покрај креветот на Тери.
Исус, Добриот Пастир, го зеде Тери во рацете, тивко и невидливо, и го однесе во неговиот дом на небото.
Следното утро кога Рут слушна дека Тери умрел многу плачеше. Таа и Филип штотуку го изгубија најдобриот пријател.
На гробот пасторот Робингер гласно го прочита расказот за Исус, Добриот Пастир. По погребот Рут тажно одеше низ шумата. Беше ужасно да се помисли дека Тери веќе не беше жив. Плачеше под дрвото од костен.
Господин Танер: „Рут, зошто плачеш?“
Господин Танер ненадејно застана до неа. Сите овци на ливадата му припаѓаа нему. Рут му раскажа сè што се случи.
Рут: „Често се молев. Но тоа не помогна. Сепак Тери умре“.
Господин Танер: „Мислиш ли дека Исус направил грешка? Што би рекла, ако некоја од моите овци е многу болна и јас ја земам и ја однесам на најдобрата ливада досега, каде што ќе ѝ биде дури подобро од порано?“
Рут почна да разбира.
Господин Танер: „Исус го однесе Тери на место каде што му е прекрасно. Затоа не треба да бидеш тажна“.
Рут: „Но го закопаа во земјата. Како може да биде со Добриот Пастир?“
Господин Танер зеде костен.
Господин Танер: „Гледај, Рут! Боцкавата лушпа од костен не вреди ништо. Животот е во јадрото. Оттаму расте ново дрво. Можеш да го споредиш телото на Тери со лушпата. Лежи во земјата и не му треба повеќе. Но неговото внатрешно јадро, неговиот вистински живот е со Исус. Таму има ново тело без болка. Рут, размисли за тоа“.
Дома Филип забележа дека Рут веќе не беше тажна.
Филип: „Рут, ти благодарам што ми кажа за Добриот Пастир за да можам да Го запознаам. Сега Тери е со Него. И ние ќе одиме кај Него еден ден“.
Рут: „А утре ќе одам да им кажам на децата од училиштето за Добриот Пастир, за и тие да можат да Го запознаат“.
На кого ти би можел да му раскажеш за Исус, Добриот Пастир?
Улоги: Раскажувач, господин Танер, Рут, Филип.
© Copyright: CEF Germany