Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 064 (On the run)
64. Во бегство
Одлично е што сега нè слушаш! Дали имаше добар Божиќ?
Многу луѓе во целиот свет го слават Божиќ и им е мило што се роди Исус, вечниот Цар.
Но на една личност, пред речиси 2000 години, тогаш не ѝ било мило. Тоа бил царот Ирод. Се плашел да не го загуби престолот. И затоа се подготвувал, штом ќе слушне од мудреците каде се родил Царот, да го убие бебето Исус.
Но мудреците не се вратиле во Ерусалим, зашто Бог во сон им рекол да направат нешто друго.
Бог рече: „Не враќајте се кај царот Ирод. При враќањето во вашата земја одете по друг пат“.
Тие го направиле токму тоа. Оној кој лично Го познава Исус со задоволство Му се покорува. Се вратиле по друг пат до нивниот дом. Како и да е, опасноста не исчезнала.
Бог му кажал на Јосиф во сон што треба да направи.
Бог рече: „Стани! Земи ги детето и сопругата и бегај во Египет. Остани таму додека ти кажам да се вратиш. Ирод ќе направи сè што може за да го убие детето“.
Јосиф Го сакал Бог и веднаш послушал.
Дали и ти Му се покоруваш на Бог кога ќе ти каже да направиш нешто?
Среде ноќ, Јосиф станал и избегал во Египет со Марија и бебето Исус. И токму навреме зашто Ирод веќе забележал дека мудреците не се вратиле кај него. Разгневен тој издал ужасна заповед.
Ирод: „Убијте ги сите машки бебиња на возраст до две години. Оваа заповед треба веднаш да се изврши во Витлеем, како и во целата околна област“.
Зар Ирод бил луд? Тој предизвикал многу голема болка и тага со таа заповед.
Но не можел да го најде бебето Исус, не можел да Му наштети.
Кога Исус имал околу три години, омразениот цар умрел. Ангел му го соопштил тоа на Јосиф во сон.
Бог рече: „Стани! Земи ги детето и мајка му и врати се во Израел. Сите што сакаа да го убијат детето се мртви“.
Бог не требало двапати да му каже на Јосиф. Јосиф му верувал на Божјиот збор и бил послушен. Се вратил со Марија и бебето Исус во нивниот дом.
И таму, во Израел, во малото гратче Назарет, израснал Господ Исус, како што претскажал Бог.
Улоги: Раскажувач, Божјиот глас, Ирод.
© Copyright: CEF Germany