STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 063 (Sammy‘s discovery)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

63. Откритието на Сами


На улиците на Њујорк дуваше силен ветер. Сами ја стави капата врз ушите. Секоја вечер тој пешачеше со татко му. Поминуваа автомобили, се слушаше чкрипење на сопирачки, имаше жени кои се туркаа на автобуската постојка со раце полни со пакети. Сите брзаа некаде.

Сами: „Тато, во што е смислата на она?“

Татко му, кој беше длабоко замислен, праша:

Таткото: „На што мислиш?“

Сами: „Ѕвездата, тато, ѕвездата! Зар не ја гледаш?“

Возбудено покажа на прозорецот на една од куќите. Таму имаше запалена свеќа чиј пламен блескаше како ѕвезда во темнината.

Таткото: „Тие луѓе ставиле свеќа на прозорецот за нивниот син. Тој е многу далеку, во војна, и се бори против нашите непријатели. Ако некогаш загине, тогаш ќе ја изгаснат свеќата“.

Продолжувајќи да одат натаму, таткото помисли: „Се надевам дека никогаш нема да треба да ставам свеќа на прозорецот за нашиот син“.

Сами продолжи да бара ѕвезди.

Сами: „Тато, еве една. И уште една. Гледај, на еден прозорец има две свеќи. Тоа семејство, веројатно, има двајца синови во војната“.

На крајот на улицата Сами ја подигна главата и одеднаш застана. Го задржа здивот како да се случило нешто неверојатно.

Сами: „Тато, види таму!“

Тој ја забележа вечерната ѕвезда, вечерницата, на темното небо.

Сами: „Дали и Бог има Син? И Тој ставил ѕвезда на прозорецот“.

Таткото: „Да, Бог има само еден Син. Го испрати да се бори против злото во овој свет. И победи! Не со оружје, туку со љубов. Притоа Тој го даде Својот живот. Тој ги сакаше дури и Неговите непријатели, тие кои Го распнаа на крст. Бог Го воскресна од мртвите. Преку Него можеме да имаме мир со Бог и со луѓето“.

Подоцна Сами често размислуваше за ѕвездите на прозорците и мислеше на Оној Кој се бореше против злото во светот со тоа што го понуди Својот живот.

Исус ни донесе мир. А, сепак, сè уште има ужасни војни кои предизвикуваат страв и страдања. Бомби и куршуми го згаснуваат животот на многу луѓе.

Но ѕвездата на Божјиот прозорец не може да биде изгасната, ниту може да биде изгаснат Оној Кој дава спасение и мир на сите кои се молат: Исус Христос.


Улоги: Раскажувач, таткото, Сами.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on October 22, 2021, at 08:33 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)