Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 012 (Joy that never leaves us)
12. Радост која никогаш не нѐ напушта
Ноќното небо било полно со ѕвезди. Во градот било темно. Надвор, во полето, овчарите се грижеле за нивните овци. Тоа било тешка работа. Но тие немале права. Тие биле презрени, исто како што биле крадците и разбојниците.
Зар немало помошник или Спасител за нив? Дали тие, едноставно, го прифатиле фактот дека се на најниското ниво во општеството?
Уморни, се навалиле на еден трупец. Но, одеднаш сите биле разбудени. Среде ноќ, светнала силна светлина. Тие ги заштитиле очите од заслепувачката светлина за да можат подобро да гледаат. Тие биле многу исплашени.
Еден ангел, гласник на Бог, дошол од небото кај нив. Исплашени, овчарите го гледале гласникот од невидливиот Божји свет.
Ангел: „Не плашете се! Ви носам добра вест што ќе биде голема радост за сите. Денеска во Давидовиот град ви се роди Спасител; Тој е Месијата, Господ. Ова ќе ви биде знак: ќе најдете бебе повиено во платно кое лежи во јасли“.
Зачудени, овчарите внимателно слушале. Спасител! Голема радост ги исполнила нивните срца. Бог не ги заборавил нив.
Тогаш на небото се појавиле многу ангели кои го фалеле Бог за чудото на раѓањето на Спасителот.
Овчарите отишле во шталата и ги нашле Марија, Јосиф и бебето Исус. Тие биле многу радосни кога го виделе Исус, Спасителот.
Ова е вистина: Спасителот се роди и за тебе. Замоли го Господ Исус да дојде во твојот живот и ќе примиш радост која никогаш нема да те напушти.
Улоги: Раскажувач, ангел.
© Copyright: CEF Germany