STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 161 (Can the dead live 2) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
161. Можат ли мртвите да оживеат 2Што би направил ти, ако Исус не ти одговори на молитвата како што сакаш? Дали ќе Му бидеш лут и нема да се молиш повеќе? Марта не го направила тоа, иако брат ѝ бил мртов. Кога Исус конечно дошол, Лазар веќе бил погребан пред извесно време. Марта: „Исусе, ако дојдеше порано, брат ми немаше да умре“. Исус: „Лазар ќе воскресне“. Марта: „Знам дека ќе воскресне при воскресението последниот ден кога Бог ќе ги врати сите во живот“. Исус: „Јас сум воскресението и животот. Кој верува во Мене, ќе живее дури и да умре. Дали веруваш во тоа?“ Марта: „Верувам дека Ти си Божји Син“. Да веруваш во Исус секогаш е најдоброто нешто што треба да се направи. Дури и кога некогаш не Го разбираш, да веруваш во Исус секогаш е најдоброто нешто што треба да се направи. Марта дотрчала во куќата. Марта: „Марија, Исус те чека“. (звук на трчање) Таа не можела да разбере зошто брат ѝ морало да умре. Трчала кон Исус со солзи во очите. Марија: „Исусе, да беше овде Лазар немаше да умре“. Исус: „Каде го погребавте?“ Марија: „Дојди со мене и ќе ти покажам“. Многу нажалени луѓе ги придружувале до гробот што бил затворен со голем камен. Таму и Исус заплакал. Човек: „Тој плаче. Го сакал многу“. Човек: „Зошто тогаш дозволи да умре?“ Исус: „Тргнете го каменот“. Марта била згрозена. Марта: „Господе, тој е мртов веќе четири дена. Веќе е смирисан“. Исус: „Марта, ако веруваш во Мене, ќе ја видиш славата на Бог“. Да веруваш во Исус секогаш е најдоброто нешто што треба да се направи, дури и кога се случува најлошото. Дури и кога не Го разбираш, да веруваш во Исус секогаш е најдоброто нешто што треба да се направи. Мажите го тргнале каменот. Тогаш Исус погледнал нагоре. Исус: „Татко, Ти секогаш ги слушаш Моите молитви. Лазар! Излези!“ Се случило чудо. Мртвиот човек излегол од гробот! Многумина кои го виделе тоа поверувале во Исус. Да веруваш во Исус секогаш е најдоброто нешто што треба да се направи, без оглед на тоа што се случува. Веруваш ли во Исус? Улоги: Раскажувач, Марта, Исус, Марија, двајца мажи. © Copyright: CEF Germany |