Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 161 (Can the dead live 2)
161. Можат ли мртвите да оживеат 2
Што би направил ти, ако Исус не ти одговори на молитвата како што сакаш? Дали ќе Му бидеш лут и нема да се молиш повеќе?
Марта не го направила тоа, иако брат ѝ бил мртов. Кога Исус конечно дошол, Лазар веќе бил погребан пред извесно време.
Марта: „Исусе, ако дојдеше порано, брат ми немаше да умре“.
Исус: „Лазар ќе воскресне“.
Марта: „Знам дека ќе воскресне при воскресението последниот ден кога Бог ќе ги врати сите во живот“.
Исус: „Јас сум воскресението и животот. Кој верува во Мене, ќе живее дури и да умре. Дали веруваш во тоа?“
Марта: „Верувам дека Ти си Божји Син“.
Да веруваш во Исус секогаш е најдоброто нешто што треба да се направи. Дури и кога некогаш не Го разбираш, да веруваш во Исус секогаш е најдоброто нешто што треба да се направи.
Марта дотрчала во куќата.
Марта: „Марија, Исус те чека“.
(звук на трчање) Таа не можела да разбере зошто брат ѝ морало да умре.
Трчала кон Исус со солзи во очите.
Марија: „Исусе, да беше овде Лазар немаше да умре“.
Исус: „Каде го погребавте?“
Марија: „Дојди со мене и ќе ти покажам“.
Многу нажалени луѓе ги придружувале до гробот што бил затворен со голем камен. Таму и Исус заплакал.
Човек: „Тој плаче. Го сакал многу“.
Човек: „Зошто тогаш дозволи да умре?“
Исус: „Тргнете го каменот“.
Марта била згрозена.
Марта: „Господе, тој е мртов веќе четири дена. Веќе е смирисан“.
Исус: „Марта, ако веруваш во Мене, ќе ја видиш славата на Бог“.
Да веруваш во Исус секогаш е најдоброто нешто што треба да се направи, дури и кога се случува најлошото.
Дури и кога не Го разбираш, да веруваш во Исус секогаш е најдоброто нешто што треба да се направи.
Мажите го тргнале каменот. Тогаш Исус погледнал нагоре.
Исус: „Татко, Ти секогаш ги слушаш Моите молитви. Лазар! Излези!“
Се случило чудо. Мртвиот човек излегол од гробот!
Многумина кои го виделе тоа поверувале во Исус. Да веруваш во Исус секогаш е најдоброто нешто што треба да се направи, без оглед на тоа што се случува. Веруваш ли во Исус?
Улоги: Раскажувач, Марта, Исус, Марија, двајца мажи.
© Copyright: CEF Germany