Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 157 (Esther risks her life 2)
157. Естира го ризикува животот 2
Аман не бил само лош човек, тој бил и многу горд. Големиот персиски цар Ахасвер го назначил за втор најмоќен човек во царството. Сите се поклонувале пред него и го почитувале. Но не и Мардохеј, очувот на царицата Естира. Никогаш не се поклонил пред него. Аман се разгневил.
Аман: „Одбиваш да почитуваш заповед! Зошто не се поклонуваш пред мене?“
Мардохеј: „Затоа што сум Евреин и се поклонувам само пред Бог“.
Аман: „Ќе зажалиш за ова!“
Аман бил длабоко навреден. И во неговото срце се развил ѓаволски план.
Аман: „Ќе го убијам. И не само него, туку и сите Евреи кои живеат во 127 провинции во Персија. Ќе ги истребам“.
Аман зборувал лошо за Евреите пред царот и го освоил царот со неговиот ѓаволски план и со поткупување. Тогаш можел да прави што сака.
Аман испратил гласници давајќи им ги неговите најбрзи коњи; носеле запечатени писма до секој град. Насекаде била прогласена неговата страшна цел.
Гласникот: „По заповед на царот. На 13 декември сите Евреи, мажи, жени и деца, ќе бидат убиени. Не оставајте никого жив! Истребете ги сите и ограбете им ги сите нивни нешта!“
Оваа заповед предизвикала голем страв и ужас. Евреите облекле облека за жалост. Плачеле и го повикувале Бог.
Мардохеј испратил итна молба до палатата. Тогаш само една личност можела да помогне, неговата ќерка, царицата Естира.
Мардохеј: „Естира, мораш да одиш кај царот! Замоли го да нè остави да живееме“.
Естира: „Не можам да го направам тоа. Никој не смее да оди кај царот, освен ако не биде повикан. Ако одам без повик, би можела да умрам“.
Мардохеј: „Немој да молчиш! Можеби ова е причината што сега си царица, за да нè спасиш“.
Естира: „Молете се за мене. Ќе одам кај царот. Ако мора да загинам, ќе загинам!“
Исто како Естира и Исус си го ризикувал животот. Бил подготвен да умре за ние да можеме да бидеме спасени и да имаме вечен живот.
Естира ја облекла најубавата облека. Со срце кое чукало забрзано се приближила до просторијата со престолот. Царот ја видел дека доаѓа. Ќе ја прифати или…
Ќе ти кажам во следната драма.
Улоги: Раскажувач, Аман, Мардохеј, Естира, гласникот.
© Copyright: CEF Germany