STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 112 (Mirror of the truth)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

112. Огледало на вистината


Колкупати денеска се погледна во огледало?

Марко гледаше во огледалото. Беше вчудовиден. Но, наместо да употребува сапун и вода, го зеде огледалото и гневно го фрли на подот. (звук на кршење стакло)

Слично на тоа, некои луѓе постапуваат со Библијата на овој начин. Таа е огледало и им покажува на децата и возрасните луѓе што не е во ред во нивните животи. А многумина не го сакаат тоа.

Еремија бил пророк пред многу години, како и говорник за Господ во Израел и тој го доживеал тоа. Неговите проповеди биле како огледало за народот. Но луѓето не сакале да се изменат. Бог имал големо трпение кон нив педесет долги години.

Божјиот глас: „Еремија, земи свиток. Напиши сè што ќе ти кажам. Можеби тогаш луѓето ќе Ме слушаат и ќе ги изменат нештата во нивните животи“.

За оваа работа биле потребни повеќе месеци за да се заврши. Еремија му го диктирал Божјото Слово на својот секретар и тој ги запишал сите зборови.

Еремија: „Барух, конечно завршивме. Знаеш дека повеќе не ми е дозволено да влезам во Храмот. Оди таму и понеси ги овие свитоци со тебе“.

Михеј слушал додека свитоците се читале гласно. Брзо го побарал својот служител во царската палата.

Михеј: „Барух го читаше Божјото Слово во Храмот. Не живееме како што треба. Бог ќе нè казни“.

Служителот: „Донеси го човекот со свитоците кај нас“.

Го довеле Барух. Божјото Слово било како огледало во срцето на служителот.

Служителот: „Барух, како го напиша сето ова?“

Барух: „Еремија ми диктираше и јас го запишав со мастило“.

Служителот: „Ова мора да го пријавиме кај царот. Барух, скријте се со Еремија; никој не треба да знае каде престојувате вие двајца“.

Царот Јоаким удобно седел во својата зимска куќа пред огништето.

Имало многу нешта во неговиот живот што не биле во ред. Но воопшто не сакал да Го слуша Бог. Откога ќе му прочитале неколку делови, станувал, земал нож и сечел дел од свитокот и го фрлал во огнот. Тоа го правел цело време, сè додека не бил изгорен целиот свиток.

На скришното место сè било запишано уште еднаш.

Божјата љубов е голема. Дозволи Неговиот Збор да бида запишан за нас.

Мој совет за тебе: читај ја Библијата секој ден. Дозволи таа да те смени.

Бог сака да изгледаш добро, особено во твоето срце.


Улоги: Раскажувач, Еремија, Божјиот глас, служителот, Барух, Михеј.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:56 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)