STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 107 (Lame excuses)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

107. Слаби изговори


Диме е љубител на книги. Видое Подгорец, Кочо Рацин, „голта“ сè што е напишано. Но има една книга за која тој, едноставно, не е возбуден.

Диме: „Библијата не е за мене“.

Девојче: „Зошто не е?“

Диме: „Има многу нешта што не ги разбирам“.

Девојче: „Тоа е само изговор на мрзливец. Знам дека ќе разбереш нешто“.

Диме: „Како, на пример, што?“

Девојче: „Како: не кради“.

Леле! Тоа го погоди Диме како стрела. Лицето му стана црвено и брзо замина.

Дали некогаш си слушнал дека Библијата е книга над книгите?

Момче: „Кога била измислена машината за печатење Библијата била првата печатена книга“.

Девојче: „Библијата е преведена на повеќе од 1600 јазици“.

Момче: „Најмалата Библија е напечатена во Англија и е голема колку кутија на кибрит“.

Девојче: „Најголемата Библија во светот е направена од дрво и тежи повеќе од 11 тони“.

Момче: „Библијата е најсаканата книга, но и многумина ја мразат“.

Девојче: „Автор на Библијата е Бог и околу 40 луѓе го запишале тоа што Тој го кажал“.

Момче: „Секој што ја чита Библијата и верува во Божјото Слово ќе стане нова личност. Ниедна друга книга не може така да ја измени личноста“.

Девојче: „Во Библијата има околу три милиони букви. Ако читаш по четири глави секој ден, можеш да ја прочиташ Библијата за една година“.

Момче: „Еден човек во Англија ја прочитал Библијата веќе 100 пати!“

Еден човек ја видел Библијата на пријател на која имало дупки од куршуми. Помислил дека тоа е лошо и подло. Кој би се осмелил толку лошо да се однесува кон Божјото Слово? Бил вчудовиден.

Неговиот пријател претпоставил што мислел тој.

Човек: „Се радувам за мојата Библија со дупки од куршуми, зашто ми го спаси животот. За време на војната бев војник и се борев на линиите на фронтот. Ползевме од ров до ров. Одеднаш почувствував силен удар во градите и пробивна болка. Што се случи? Непријателот ме нанишанил и испука куршум кон мене. Но јас секогаш ја носев мојата мала Библија во предниот џеб. Куршумот ја пронижа Библијата и само лесно ме повреди. Ако Библијата не беше таму, куршумот ќе беше во моето срце.
Ми го спаси животот. И не еднаш, туку двапати. Првиот пат ме спаси кога прочитав дека Исус е Единствениот Кој може да ме спаси од гревовите. И вториот пат кога ме спаси од смртоносниот куршум“.

Ја читам Библијата секој ден. Дали и ти го правиш тоа? Ако сакаш Библија, пиши ми. Во Библијата пишува: „Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја“ (Пс 119:105).

Оваа светлина ти го покажува патот за да не се изгубиш, туку да го најдеш патот до Бог.


Улоги: Раскажувач, Диме, девојче, момче, човек.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:55 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)