STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 082 (The special submarine 2)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

82. Специјална подморница 2


Момче: „Љубопитен сум да дознаам што се случило со Јона“.

Девојче: „Ако бил паметен, ќе го послушал Бог и немало да се обидува да бега од Него“.

Момче: „Дури немало да си ја навлажни целата облека“.

Бог сака да спасува – затоа Јона требало да оди во Ниневија.

Изгледало дека неговото животно патување завршило. Ако не беше Господ. Тој сака да спасува! Дури и Јона. Затоа испратил многу особена „подморница“ само за него. Огромна риба пливала близу до неподготвениот нуркач и го проголтала цел.

Јона поминал три дена и три ноќи во стомакот на рибата. Во длабочината на морето, неговото бегство од Бог завршило. Го повикал Бог при најголемиот очај.

Јона: „Господе, ме фрли в море. Сите бранови ме обвија. Помислив дека ќе умрам. Но Ти ме спаси! Ти благодарам многу! Ќе го направам тоа што ќе ми го кажеш“.

Бог го слуша секого. Те слуша и тебе кога си тажен.

Ја слушнал молитвата на Јона и ѝ заповедал на рибата да доплива до брегот и да го исплука несварливиот Јона.

Бог сака да спасува, затоа вторпат му кажал на Јона.

Бог рече: „Јона, оди во големиот град Ниневија и проповедај им го тоа што ќе ти го кажам“.

Јона отишол. (звуци на одење и врева на градски звуци на улиците)

Јона: „Слушајте! Бог ме испрати кај вас. За 40 дена вашиот прекрасен град ќе биде куп урнатини. Тоа е казна за вашиот грев. Затоа што сте лажговци, прељубници и измамници. Бог гледа сè, вие убијци и крадци“.

Згрозени, луѓето слушале. Проповедта на Јона им зборувала директно на срцата.

Жена: „Во право е. Згрешивме против Бог. Што да направиме во врска со тоа?“

Царскиот гласник: „Заповед на царот! Никој не смее да јаде или да пие. Покајте се за гревовите и повикајте го Бог. Можеби ќе нè слушне. Престанете да бидете неправедни и почнете нов живот“.

Замисли! Сите 120.000 жители на овој град го повикале Бог. Возрасни и деца подеднакво. Се покајале затоа што го живееле животот без Бог.

Деновите поминувале: 38, 39, 40. Бог не ги казнил. Ги слушнал молитвите на покајание и им простил. Зар тоа не е прекрасно? Сите го повикале Бог и кој ќе го направел тоа бил спасен.

Само кога би се случило тоа во нашето село, нашиот град! Бог сака да спасува. Тебе и многу други луѓе.


Улоги: Раскажувач, две деца, Јона, Бог, жена, царскиот гласник.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:50 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)