STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 082 (The special submarine 2) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
82. Специјална подморница 2Момче: „Љубопитен сум да дознаам што се случило со Јона“. Девојче: „Ако бил паметен, ќе го послушал Бог и немало да се обидува да бега од Него“. Момче: „Дури немало да си ја навлажни целата облека“. Бог сака да спасува – затоа Јона требало да оди во Ниневија. Изгледало дека неговото животно патување завршило. Ако не беше Господ. Тој сака да спасува! Дури и Јона. Затоа испратил многу особена „подморница“ само за него. Огромна риба пливала близу до неподготвениот нуркач и го проголтала цел. Јона поминал три дена и три ноќи во стомакот на рибата. Во длабочината на морето, неговото бегство од Бог завршило. Го повикал Бог при најголемиот очај. Јона: „Господе, ме фрли в море. Сите бранови ме обвија. Помислив дека ќе умрам. Но Ти ме спаси! Ти благодарам многу! Ќе го направам тоа што ќе ми го кажеш“. Бог го слуша секого. Те слуша и тебе кога си тажен. Ја слушнал молитвата на Јона и ѝ заповедал на рибата да доплива до брегот и да го исплука несварливиот Јона. Бог сака да спасува, затоа вторпат му кажал на Јона. Бог рече: „Јона, оди во големиот град Ниневија и проповедај им го тоа што ќе ти го кажам“. Јона отишол. (звуци на одење и врева на градски звуци на улиците) Јона: „Слушајте! Бог ме испрати кај вас. За 40 дена вашиот прекрасен град ќе биде куп урнатини. Тоа е казна за вашиот грев. Затоа што сте лажговци, прељубници и измамници. Бог гледа сè, вие убијци и крадци“. Згрозени, луѓето слушале. Проповедта на Јона им зборувала директно на срцата. Жена: „Во право е. Згрешивме против Бог. Што да направиме во врска со тоа?“ Царскиот гласник: „Заповед на царот! Никој не смее да јаде или да пие. Покајте се за гревовите и повикајте го Бог. Можеби ќе нè слушне. Престанете да бидете неправедни и почнете нов живот“. Замисли! Сите 120.000 жители на овој град го повикале Бог. Возрасни и деца подеднакво. Се покајале затоа што го живееле животот без Бог. Деновите поминувале: 38, 39, 40. Бог не ги казнил. Ги слушнал молитвите на покајание и им простил. Зар тоа не е прекрасно? Сите го повикале Бог и кој ќе го направел тоа бил спасен. Само кога би се случило тоа во нашето село, нашиот град! Бог сака да спасува. Тебе и многу други луѓе. Улоги: Раскажувач, две деца, Јона, Бог, жена, царскиот гласник. © Copyright: CEF Germany |