Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 080 (A bill for Mom)
80. Сметка за мама
Најпосакуваната сопственост на Јасмина беше на полицата во делот за играчки.
Јасмина: „На сите им се потребни пари. Возрасните имаат привилегии. Можат да купат што ќе посакаат. Но, еј, имам идеја“.
Јасмина брзаше. По ручекот отиде во нејзината соба. Сè што ѝ требаше беше молив и парче хартија.
Јасмина: „Платен список за Јасмина. Не сум роб што работи за ништо:
Стакло за рециклирање, однесено во контејнер --- 30 денари.
Исчистен туш --- 50 денари.
Секоја вечер расчистување на масата по вечерата --- 100 денари.
Чистење на мојата соба (напорна работа!) --- 150 денари.
Празнење на машината за садови --- 60 денари.
Фрлање на ѓубрето (ама смрди!) --- 100 денари.
Сè вкупно, 30 плус 50 плус… 490 денари.
Ве молам платете брзо!
Вашата вредна Јасмина“.
Скришно ја стави сметката на масата во кујната. Токму на вечерата најде едно писмо покрај чинијата. Но го отвори подоцна кога беше сама.
Јасмина: „Сега сум љубопитна (звук на писмо што се отвора, пари што паѓаат). Точно 490 денари! Никогаш не сум била толку богата. О, вклучена е и белешка:
„Мила моја Јасмина!
Еве ја твојата плата. Ти си навистина вредна девојка. Кога ќе имаш време те молам прочитај ја мојата сметка.
10 години миев за тебе --- без надоместок
10 години готвев за тебе --- без надоместок
Кога беше болна се грижев за тебе --- без надоместок
Си играв со тебе --- без надоместок
Секогаш имав време да ги слушам твоите проблеми и грижи --- без надоместок
Нема да го правам списокот подолг. Сè што направив, со задоволство го правев за тебе затоа што многу те сакам мила моја. Твојата мајка“.
Јасмина беше засрамена. Отрча кај мајка ѝ и ја прегрна.
Јасмина: „Мамо, никогаш повеќе нема да ти дадам сметка. Ти ги враќам парите. Те сакам!“
Помагањето на другите предизвикува радост, исто како и дарувањето. Наскоро ќе биде денот на мајките.
Сакаш ли да подариш радост? Ти посакувам да имаш добра идеја за тоа како можеш да ја изненадиш мајка ти.
И запамети: правењето за другите ја враќа радоста. Не само за денот на мајките.
Улоги: Раскажувач, Јасмина.
© Copyright: CEF Germany