Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 028 (The very first Easter)
28. Првиот Велигден
Колку долго беше буден денеска?
Марија и нејзините пријатели се разбудиле многу рано. Но нивните срца биле многу тажни. Камо Исус да беше сѐ уште жив! Пред неколку дена Тој умрел на крстот. Кога и да помислеле на тоа, тие плачеле.
На изгрејсонце, тие отишле на Неговиот гроб.
Пријателите: „Марија, види! Каменот е тргнат! Види таму, ангел!“
Ангел: „Не плашете се! Знам дека го барате Исус. Тој не е овде. Тој воскресна!“
Се појавила надеж! Се разбира! Исус веќе им кажал дека ќе мора да умре и дека ќе воскресне по три дена. Како можеле да го заборават тоа?!
Ангел: „Дојдете и погледнете го местото каде што Го положија“.
Жените погледнале во гробот – бил празен!
Ангел: „Одете и кажете им на учениците!“
Со голема радост и зачуденост во срцата тие заминале од гробот. Исус е жив!
И по патот, Тој ги сретнал. Тие Го виделе. Го допреле. Тој зборувал со нив.
Исус: „Не плашете се! Одете и кажете им на другите!“
И тоа е она што го направиле.
Марија: „Исус е жив!“
Пријателите: „Тој воскресна!“
Марија и пријателите: „Гробот е празен!“
(Пушти мелодија во заднината додека се чита стихот)
Во Библијата Исус ти вели: „Јас сум воскресението и животот. Кој верува во Мене и да умре ќе живее. Веруваш ли во тоа?“ (Јован 11:25, 26б)
Ќе ви кажам догледање со поздравот со кој христијаните се поздравуваат едни со други на Велигден:
„Господ Воскресна! Навистина воскресна!“
Улоги: Раскажувач, Марија, пријателите на Марија, ангел, Исус.
© Copyright: CEF Germany