STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 027 (Jesus dies on the cross)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

27. Исус умира на крстот


Дете: „Мислам дека е ужасно тоа што Јуда го предаде Исус“.

Дете: „Зошто Исус не се бореше со нив? Можеше Самиот да се ослободи“.

Тоа е вистина, Тој можеше, но тоа мораше да се случи на тој начин.

Дете: „Не разбирам“.

Божјиот Син дојде во светот да умре за нашите гревови. Поради непослушност и вина секоја личност е одвоена од Бог. И платата за гревот е смрт. Исус сакал да ја преземе оваа казна врз Себе, со цел повторно да го врати заедништвото со Бог.

Дете: „О, сега разбрав“.

Судијата ја донесе конечната одлука. Секогаш кога луѓето го славеле своето избавување од Египет, судијата пуштал еден затвореник на слобода.

Пилат: „Кого да пуштам од затвор оваа година? Исус или Варава?“

Всушност, Пилат сакал да го пушти Исус на слобода наместо убиецот Варава, па затоа прашал уште еднаш:

Пилат: „Сакате ли да го пуштам Варава на слобода, или Исус?“

Луѓето: „Го сакаме Варава! Варава!“

Пилат: „А што да правам со Исус?“

Луѓето: „Распни Го! Распни Го!“

И тоа се случило. Синот Божји го носел тешкиот крст од дрво на грбот што крвавел, целиот пат до ридот Голгота, за да умре на наше место. Тој свесно ја презел смртната казна врз Себе, казната која ние ја заслуживме. Шест часа Исус висел на крстот. Пред да умре, Тој ги кажал двата најважни зборови на целиот свет:

Исус: „Завршено е!“

Потоа ги затворил очите и умрел поради гревовите на целиот свет.

Секој кој верува во Исус ќе има заедништво со Бог, како и вечен живот.

Дали веруваш во тоа?

Кога Синот Божји умрел, небото станало темно – среде бел ден! – и земјотрес стресел сè. Вчудовиден капетанот рекол:

Капетанот: „Овој сигурно е Син Божји!“

Вечерта Исус бил положен во гроб, но Тој не останал таму. Најдоброто допрва доаѓа!

Ќе ви раскажам сè во врска со тоа во следната драма.


Улоги: Раскажувач, две деца, Пилат, луѓе, Исус, капетан.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:39 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)