STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 007 (On the winner’s side)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

7. На страната на победникот


Филистејците повторно војувале против Израелците. Постарите браќа на Давид биле на линијата на фронтот. Тој требало да им однесе храна и да ги види како се. Кога дошол до бојното поле тој видел, на другата страна, вистински џин – висок речиси три метри! Неговото име било Голијат. Тој им се потсмевал на Израелците и ги колнел. Сите војници се плашеле од него, дури и царот Саул.

Дали тие заборавиле дека Бог е посилен од секого?

Голијат: „Еј, вие глупави Израелци! Хе, исплашени сте! Хахаха! Ќе ве направам вкусна храна за птиците. Вашиот Бог не може да ви помогне. Јас сум посилен од Него“.

Давид: „Дали го слушнавте тоа? Тој му се потсмева на Бог! Ќе дозволите ли да го прави тоа?“

Давид бил вознемирен од тие навреди на Филистеецот. Една работа било да им се потсмева на Израелците, но сосема друга работа било да му се потсмева на Бог. Тој отишол предалеку!

Давид веднаш отишол кај царот Саул и му рекол дека тој ќе се бори против џинот Голијат.

Давид бил сериозен. Тој ги зел само неговиот овчарски стап и праќата и тргнал кон Голијат.

Бог е посилен – тоа му давало храброст.

Многумина од војниците не можеле да им веруваат на своите очи додека го гледале овчарчето; тие го задржувале здивот исчекувајќи.

Голијат доаѓал сѐ поблизу и поблизу.

Голијат: „Дали сум јас куче што доаѓаш против мене со стап? Дали мислиш дека твојот Бог ќе те заштити? Хахаха, јас сум посилен од Него. Ќе те убијам“.

Давид: „Ти доаѓаш против мене со меч и копје, но јас доаѓам против тебе во името на Семоќниот Бог, Кого ти Го проколнуваш. Тој е посилен од тебе! Јас ќе те поразам и целиот свет ќе види дека Израел Му служи на живиот Бог“.

Давид ја зел својата праќа, замавнал со неа… (звук – вртење праќа).

Голијат: „Ооооооофф!“ (звук на паѓање)

Каменот од праќата на Давид го погодил џинот право во главата. Тој паднал на земјата, мртов.

Какво добро му донесло на Голијат тоа што го проколнувал Бог? Кој бил најсилен на крајот? Бог е најсилен!


Улоги: Раскажувач, Голијат, Давид.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on October 09, 2021, at 09:19 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)