Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 001 (Jesus loves children)
1. Исус ги сака децата
Некои гости ја посетиле принцезата на Шведска и ја прашале: „Можете ли да ни ги покажете вашите кралски скапоцености?“
„Се разбира“ – одговорила таа, излегла низ вратата, па се вратила со две деца. Ги прегрнала двете деца и им се насмевнала на гостите, велејќи: „Ова се моите скапоцености“. Гостите биле изненадени бидејќи очекувале да видат дијаманти и други скапоцени камења. Но тие разбрале дека децата биле поважни за принцезата отколку скапоцените камења.
Вистина е, не секој има срце за децата.
Но јас знам некој кој ги сака децата: Господ Исус. Во Библијата пишува за случката кога родителите ги донесле нивните деца кај Исус за Тој да ги благослови и тие да можат да Го запознаат. Но пред тие да дојдат кај Исус, слушнале гневни гласови.
Учениците: „Што правите? Одете си! Бегајте оттука!“
Исплашени, децата се смрзнале. Не се осмелиле да кажат ниту збор. А учениците на Исус биле тие кои толку сериозно ги карале.
Мило ми е што расказот не завршува таму. Исус ги сака децата и веднаш интервенирал.
Исус: „Нека дојдат овие мали деца кај Мене. Не бркајте ги. Небесното царство им припаѓа ним“.
Исус ги сака децата. Тој ги повикува да веруваат во Него и да Го запознаат. И тие дојдоа...
... Момчиња и девојчиња на твоја возраст
... добри и лоши
... големи и мали
... гласни и срамежливи
... паметни и не толку паметни
... момчиња и девојчиња со различна боја на кожата
Децата никогаш не го заборавиле денот кога Исус бил пријателски расположен кон нив и ги благословил.
Исус ги сака децата! Тоа ги направи децата среќни и тие им кажаа на многумина за Него.
Не заборавај дека Исус те сака и тебе! Во Библијата Тој ти вели: „Секој кој доаѓа кај Мене нема да го избркам надвор“.
Улоги: раскажувач, Исус, учениците.
© Copyright: CEF Germany