Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 164 (The lost sheep 2)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

164. Загубената овца 2


Гневната Рут избега. Зборовите на тетка Маргарет не можеше да ги заборави: „Ќе те испратам во интернат“.

Кога зајде сонцето беше далеку од дома и се прашуваше каде ќе спие ноќта. Можеби, во црквата зад гробиштата?

Помина покрај надгробните споменици и застана кога виде мал, бел крст.

Рут: „Јохана Колинс, 9 години. Отиде да биде со Исус. Дали и јас ќе бидам со Исус, ако умрам денеска?“

Длабоко размислувајќи Рут тајно влезе (звук на крцкање на врата) во црквата.

Потоа легна на една од клупите и заспа.

Следниот ден пасторот влезе во црквата и ја виде Рут.

Пасторот: „Добро утро. Од каде дојде?“

Рут му веруваше на пасторот и му кажа како избегала.

Потоа таа го изеде вкусниот појадок во куќата на пасторот, додека господин Робингер ѝ телефонира на тетка ѝ. Рут ја разгледуваше собата додека не виде слика што висеше на ѕидот.

Пасторот: „Ти се допаѓа ли сликата? Тоа е Исус, Добриот Пастир. Ја подава раката кон изгубеното јагне. Сака да го спаси. Јагнето малку ме потсетува на тебе“.

Рут: „Ќе ме најде ли и мене? И ќе одам ли на небото како Јохана Колинс?“

Пасторот: „Да. Само треба да Му кажеш дека сакаш да Му припаѓаш. Ќе ти ја дадам таа слика. Сега врати се дома. Тетка ти е загрижена за тебе“.

На пат кон дома, Рут ја извади сликата од џебот. Ја погледна додека се молеше.

Рут: „Господе Исусе, јас сум ова непослушно јагне. Те молам прости ми ги сите гревови. Сакам да Ти припаѓам и да живеам со Тебе еден ден на небото. Амин“.

Исус веднаш одговара на ваков вид молитви. Рут Му се заблагодари за тоа и скокаше од радост.

Тетка Маргарет ја чекаше на влезната врата. Се прегрнаа една со друга.

Рут: „Тетка Маргарет, жал ми е за сè. Те молам не ме испраќај во интернат. Отсега ќе бидам добра“.

Тетка Маргарет: „Те сакам. Ајде да се обидеме уште еднаш“.

Рут навистина внимаваше на нејзиното однесување. Го слушаше гласот на Добриот Пастир кога Тој ѝ зборуваше во срцето и преку Библијата. Но не го слушаше гласот на нејзиното гордо его што секогаш се разгоруваше.

Рут навистина се измени. По извесно време сè беше добро, но потоа...

Не заборавај да ја слушаш следната драма, каде што ќе ти кажам како продолжува оваа возбудлива приказна.


Улоги: Раскажувач, Рут, пастор, тетка Маргарет.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:08 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)