Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 140 (Dream job 1)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

140. Работа од соништата 1


Внимавај, чајот е жежок. (звук на лажица што меша во чаша)

Хадсон за малку ќе си го изгорел јазикот. Било време за чај во Англија за семејството Хадсон. И било многу пријатно тогаш, пред 150 години.

Таткото во тоа време секогаш им зборувал за далечната земја Кина. Наеднаш станал сериозен.

Таткото: „Не разбирам. Зошто повеќе мисионери не одат во Кина? На милиони Кинези никогаш не им е кажано за Исус“.

Хадсон: „Тато, кога ќе станам висок, тогаш ќе бидам мисионер и ќе одам во Кина“.

Родителите се насмевнале на зборовите на нивниот петгодишен син. Тој често бил болен. За него било невозможно да стане мисионер. Бидејќи Хадсон не можел да оди во училиште, мајка му го поучувала дома.

Хадсон бил љубител на книги.

Хадсон: „Само да можев навечер да читам на кревет. Но не можам, бидејќи мама секогаш ја зема ламбата со неа. Ќе морам да најдам неколку остатоци од свеќи“.

Таа вечер тајно ги наполнил џебовите на панталоните пред да каже добра ноќ и да влезе во неговата соба. Но, многу жално! Еден од гостите на семејството го прегрнал и го седнал на скутот. А тој седел до отвореното огниште! На Хадсон му станало многу топло, а и на парчињата од свеќи. Минутите му изгледале како часови.

Мајката: „Хадсон, сега е време да легнеш в кревет“.

Хадсон: „Добра ноќ“.

Набрзо потоа мајка му го нашла во собата со џебови залепени со восок! На Хадсон му било жал што работел зад грбот на макја му. Никогаш повторно не го направил тоа.

Љубителот на книги имал уште едно хоби: да ја нервира сестра му Амелија.

Но, поголемиот дел од времето тие биле неразделни и заедно набљудувале бубачки и птици.

Кога Хадсон имал тринаесет години ги почнал студиите по фармација. Правел големи планови за иднината.

Но, тогаш еден празник му го сменил целиот живот. Читал христијанска книга и одеднаш сфатил дека Исус умрел и воскреснал поради љубовта кон Хадсон.

Хадсон: „Господе Исусе, Ти благодарам што ме сакаш. Сакам да Ти припаѓам и да го правам тоа што ќе ми кажеш. Амин“.

Откога се помолил, како Исус да кажал: Тогаш оди во Кина за Мене.

Да стане мисионер била негова најголема желба од времето кога имал пет години.

Кога имал 17 години почнал да се подготвува за неговата иднина.

Можеби неговата обука ќе те мотивира.

Во следната драма ќе ти раскажам повеќе. Нема да сакаш да пропуштиш!


Улоги: Раскажувач, таткото, Хадсон, мајката.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:02 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)