STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 139 (The King’s invitation 2) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
139. Поканата од царот 2Кочијата на царот се движела по улиците. Завесите биле собрани, а прозорците отворени. Љубопитно луѓето гледале да видат што ќе се случи. Жена: „Царски гласници во Ло-Девар? Каква сензација!“ Сосед: „Кого посетуваат? Можеби, градоначалникот?“ Биле многу изненадени кога големата кочија застанала токму пред куќата во која живеел Мемфивостеј. Царот Давид го поканил Мемфивостеј. Тој одвај можел да поверува. Тој, сакатиот, отфрлениот, добил покана од царот! Тоа сигурно е прекрасно. Не треба да бидеш љубоморен. И ти си поканет. Праведниот Цар, Кој е вечен, те кани. Исус, Царот на царевите! Направи како Мемфивостеј и прифати ја поканата, дури и кога не си некоја важна личност, или кога се чувствуваш безначаен. Сакатото момче било донесено кај царот. Давид: „Мемфивостеј, не плаши се. Сакам да ти покажам љубезност“. Мемфивостеј: „Но, не го заслужувам тоа“. Давид: „Ти давам земја. Моите слуги ќе ја посеат и ќе ја ожнеат. И сето тоа ти припаѓа тебе“. Царот Давид го поканил Мемфивостеј и му дал подароци. Исус, вечниот Цар, те кани и сака да ти понуди подароци. Неговите подароци се непроценливи: проштавање, радост, мир, вечен живот... не можам ни да набројам сè. Дојди кај Исус и биди благословен од Него. Мемфивостеј никогаш не зажалил што ја прифатил поканата на царот и неговата љубезност. Најдоброто допрва доаѓало. Давид: „Мемфивостеј, сакам да дојдеш да живееш со мене“. Исто како со Исус, невидливиот Цар. Тој не сака да го посетуваш само во недела, туку секој ден. Го сакаш ли и ти тоа? Секогаш да бидеш со Него во твоето срце и мисли? Исус добро ќе управува во твојот живот. Не знам подобар цар од Него. Поканата на царот Давид целосно му го сменила животот на Мемфивостеј. Поканата на Господ Исус целосно ќе го смени твојот живот. Исус те кани и сака да ти покаже љубезност. Сака секогаш да бидеш со Него. Прифати ја Неговата покана. Можеш да Му одговориш кога се молиш. Царот Исус те слуша. Улоги: Раскажувач, жена, сосед, Давид, Мемфивостеј. © Copyright: CEF Germany |