STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 141 (Up at 5.00 o‘clock 2) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
141. Буден од 5 наутро 2(звук на аларм на часовник) Во 5 часот наутро се вклучил алармот. Хадсон Тејлор станал. Момче: „Толку рано! Зошто?“ Сакал да има многу време да може да ја чита својата Библија без одвлекување на вниманието. Ова му била првата лекција за обука затоа што сакал да биде мисионер. Освен ова, почнал да се занимава со спорт за да биде физички подобар. Така било пред 150 години. Хадсон Тејлор Го сакал Господ Исус и сакал да биде мисионер. (звук на тропање) Х. Т.: „Здраво, пасторе. Може ли да ми зајмиш книга за Кина?“ Пасторот: „Зошто книга за Кина?“ Х. Т.: „Исус сака да бидам мисионер таму“. Пасторот: „А како ќе отидеш до Кина?“ Х. T.: „Сè уште не знам. Ќе Му се доверам на Господ Исус. Тој ќе ме води“. Да се има доверба во Исус е многу важно. Можеме да научиме да го правиме тоа. Хадсон Тејлор направил договор со Исус што ќе му помогне. Х. T.: „Господе Исусе, само од Тебе ќе го барам тоа што ми е потребно“. Хадсон не бил богат. Еднаш, единствените пари што ги имал биле половина круна, чија вредност е околу 150 денари. Како и да е, бил среќен и ги посетувал сиромашните луѓе. Човек: „Господине Тејлор, те молам дојди и моли се за мојата сопруга. Многу е болна“. Хадсон дошол со човекот во мала, нечиста просторија. Кога ги видел гладните деца и смртно болната сопруга се молел за нив и им ги дал последните пари. Тој Му кажал само на Господ Исус дека нема храна за ручек. И Исус ја наградил неговата доверба. Чудото дошло по пошта: 12 долари од анонимна личност! А болната жена оздравела. Хадсон работел за д-р Харди. Тој бил добар лекар, но заборавлив човек. Д-р Харди: „Господине Тејлор, дали веќе ти ја дадов платата?“ Х. T.: „Не“. Д-р Харди: „Многу се извинувам. Само што ги однесов сите пари во банка. Треба да ме потсетуваш“. Но тоа би било против неговиот договор да Му каже само на Исус што му треба. Но како ќе ја плати сега киријата? Д-р Харди дошол уште еднаш во просторијата за прием. Д-р Харди: „Еве ја твојата плата. Само што дојде пациент и сакаше веднаш да си ја плати сметката“. На овој начин Исус се грижел за Хадсон. Тој се грижи за секого кој има доверба во Него. Подоцна Хадсон студирал медицина. Во универзитетската болница му се случило нешто страшно. Ќе слушнеш за тоа во следната драма. Улоги: Раскажувач, Хадсон Тејлор, пастор, д-р Харди, момче, човек. © Copyright: CEF Germany |