STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 142 (Doomed man 3) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
142. Осуден човек 3Лекарот: „Господине Тејлор, изгледаш ужасно! Направи тестамент. Нема да живееш многу долго“. Х. T.: „О, да, ќе живеам! Ќе живеам долго време. Бог има работа за мене што треба да ја завршам во Кина. Како и да е, ако умрам, тогаш ќе бидам со Исус и со нетрпение го чекам тоа“. Хадсон Тејлор бил заразен од труп на човек кој починал од страшна треска. Никој не помислувал дека ќе преживее. Но Исус го заштитил. Хадсон ги продолжил студиите по медицина, зашто му биле потребни за мисијата во Кина. На 19 септември 1853 година бил подготвен. Се качил на бродот наречен „Дамфрис“ и отпловил од Англија до Кина. Само што излегол од пристаништето бродот бил зафатен од силна бура. Брановите се заканувале дека ќе го потопат бродот и целиот екипаж од морнари. Но Исус, семоќниот заштитник, не ги оставил. Другпат воопшто немало ветер. Едрата само виселе и тогаш силна струја го однесла бродот кон карпест гребен. Капетанот се откажал. Капетанот: „Ова е нашиот крај. Не можеме да направиме ништо повеќе“. Х. T.: „О, но има една работа што можеме да ја направиме“. Капетанот: „Што е тоа?“ Х. T.: „Можеме да се молиме и да побараме од Бог да испрати ветер“. Хадсон Тејлор се молел и верувал дека Бог ќе им помогне. Х. T.: „Спуштете го главното едро!“ Капетанот: „Какви се тие глупости?“ Х. T.: „Бог ќе испрати ветер“. Капетанот: „Ова е многу смешно. Ќе верувам кога ќе видам“. Но тогаш смелиот потсмевач видел чудо. Одеднаш ветерот дувал во едрата, а бродот пловел покрај опасниот гребен без никакви тешкотии. Исус ја ставил Својата заштитничка рака врз бродот „Дамфрис“. Пристигнале во Шангај и таму се закотвиле. Хадсон плачел од радост кога зачекорил на кинеската земја. Таму сакал да им раскаже на Кинезите за неговиот заштитник. Затоа го научил нивниот јазик. Тоа било тешка работа. Понекогаш јазикот му бил многу изморен. Х. T.: „Сирр Јесу аи о, за ченг чинг кау су о“. Изгледало како многу Кинези, едноставно, да чекале некој да дојде и да им раскаже за Господ Исус. Но Хадсон Тејлор и неговиот придружник не биле насекаде добредојдени. Жена: „Не одете во Тунгшау. Луѓето таму се лоши. Ќе ве убијат или ќе ве фрлат в затвор“. Х. T.: „Ако луѓето се лоши, тогаш треба да одиме таму. И ним им е потребен Исус“. (звук на немири) Нешто се случи! Ќе ти раскажам сè за тоа во следната драма. Улоги: Раскажувач, лекар, Хадсон Тејлор, капетан, жена. © Copyright: CEF Germany |