STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 143 (Like the Chinese 4) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
143. Како Кинезите 4Кога имал пет години Хадсон Тејлор знаел што сака да биде кога ќе порасне. Х. T.: „Кога ќе пораснам ќе бидам мисионер и ќе одам во Кина“. Кога имал 21 година отпатувал за Кина, го научил јазикот и им раскажувал на многу луѓе за Исус. Но најдобрата работа понекогаш е многу тешка. Човек: „Еј, што правите овде? Да ве нема!“ Војник: „Ќе го убиеме туѓинскиот ѓавол и неговите соработници“. Човек: „Не, ќе ги однесеме кај високиот чиновник“. Свирепите војници ги тепале мисионерите и го давеле Хадсон сè додека не бил речиси мртов. Сè го болело многу, но тој сè уште го зачувал својот хумор. Х. T.: „Држи се пријателе, ова ни овозможува да имаме за што да пишуваме во нашите дневници“. Тие продолжиле да работат поради љубовта кон Исус зашто Тој страдал многу повеќе кога умрел на крстот за гревовите на секоја личност. Хадсон размислувал за тоа и уште повеќе го сакал Исус. Тоа му давало сила да се брани кога ги влечеле по судови. Високиот чиновник го слушал нивното објаснување. Х. T.: „Сакаме да им раскажеме на луѓето во Тунгшау за Исус, Спасителот. Тој ги сака сите. Тоа е запишано во Библијата. Ќе ви ја дадеме оваа книга како подарок“. На високиот чиновник му се допаднало тоа. Наместо ќотек ги послужил со чај. Наместо затвор им дозволил да проповедаат за Исус. Исус го водел сето тоа што се случувало. Хадсон Му се заблагодарил за тоа. Потоа преморен се вратил во својот дом. Неговиот кинески помошник видел како со стапчиња ги јаде оризот и јајцата од патка. Кинезот: „Господине Тејлор, јадеш како нас и зборуваш како нас, но зошто не се облекуваш како нас?“ Х. T.: „Зошто да не? Тоа е добро прашање! Треба ли?“ Кинезот: „Луѓето сигурно ќе ве слушаат повеќе, ако го направите тоа“. Х. T.: „Хм-м! Кога Исус дојде на земјата стана човек исто како нас. Стана таков какви што сме ние. И јас сакам да станам како Кинезите. Ќе ми помогнеш ли да го направам тоа?“ Поради љубовта кон Исус, Хадсон го заменил својот англиски костум со кинеска облека. Долгата, црна плетенка направила да изгледа убаво. Кинезот: „Сега изгледаш како Кинез!“ На островот Цунг Минг, Хадсон Тејлор поучувал од Библијата и се грижел за болните луѓе. Но наеднаш се појавиле некои проблеми. Првата жена: „Го слушнавте ли тоа? Добриот господин Тејлор мора да замине од островот“. Втората жена: „Нашите лекари се љубоморни затоа што тој се грижи за повеќе пациенти и има подобри лекови од нив“. Првата жена: „Го направија да изгледа лошо пред високиот чиновник“. А потоа? Ќе ти кажам во следната драма. Улоги: Раскажувач, Хадсон Тејлор како дете, Хадсон Тејлор како возрасен, човек, војник, Кинез, прва жена, втора жена. © Copyright: CEF Germany |