STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 118 (Sled crash 2) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
118. Судар со санка 2Зар не би сакал на училиште да одиш со санка, а не со автобус? Анет и Лука, кои живееја на швајцарските Алпи, секое утро брзо се спуштаа кон долината со своите санки. Но не заедно затоа што не се трпеа еден со друг. Зошто беше толку тешко да се заедно? И тогаш се случи тоа, во вторникот. Лука не сакаше да се случи тоа. Навистина немаше таква намера. Додека брзо се спушташе со санката удри во санката на Анет и двајцата паднаа во ендек. Анет: „Глупаку! Зар не можеш да внимаваш? Немаш ли очи?“ Лука: „Многу ми е жал, Анет. Чекај ќе ти помогнам“. Анет: „Остави ме на мира! Можам да станам без твоја помош“. Лука: „Не вознемирувај се, глупава девојко“. Измрзната до коски и со влажни книги Анет пристигна предоцна во училиштето. Наставникот: „Анет, што ти се случи?“ Анет: „Лука е виновен. Ме турна во ендек. Потоа избега и ме остави сама“. Сите ја сожалуваа Анет и гледаа налутено кон Лука. Никој не знаеше дека во срцето Анет е исто толку лоша како Лука. Сите застанаа на страната на милата соученичка која повеќе немаше мајка. Луѓето гледаат однадвор, но Бог гледа во нашите срца. Тивок глас им шепотеше на Анет и Лука дека омразата е грев. Но никој од нив не сакаше да го направи првиот чекор. И состојбата стана уште полоша. Напролет, откога се стопи снегот, Лука го сретна Дени кој си играше со мачето на сртот. Лука: „Што правиш?“ Дени: „Собирам цвеќиња за Анет“. Лука: „Види, види, за Анет. Сестра ти е глупава!“ Лука му ги зеде кокичињата на Дени, ги фрли на земја и ги изгази. Дени: „Ќе му кажам на татко ми“. Лука: „Не, нема да го направиш тоа“. Лука го зеде мачето на Дени и го држеше над длабоката бездна. Тогаш сè се случи молскавично. Снежана го изгреба и Лука ја пушти да падне во бездната. Дени, кој имаше само пет години, се спушти по мачето, се слизна и падна долу, во бездната. Вчудовиден Лука гледаше надолу по него. Лука: „Дени! Дени, дали сè уште си жив? Кажи нешто!“ Немаше одговор. Лука погледна наоколу и трчајќи се врати дома. Се скри во шталата и долго плачеше. Што се случи потоа? Ќе дознаеш во следната драма. Улоги: Раскажувач, Анет, Лука, наставникот, Дени. © Copyright: CEF Germany |