STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 136 (First aid 4)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

136. Прва помош 4


(звук на сообраќаен метеж)

Девојче: „Училиште на животот дел 3. Прва помош“.

Си видел ли некогаш болница во која нема лекари или медицински сестри?

Такво место постоело. Всушност, не изгледало како болница, туку како базен со два одделни базени. Целиот објект бил опкружен со четири заоблени врати, а ходникот ги одделувал двата базени.

Многу болни луѓе лежеле таму. Но ниеден лекар не ги лекувал. Немало прва помош. И немало амбуланта за итни случаи.

Болните луѓе постојано гледале во водата. Се верувало дека понекогаш ангел ја допирал водата. Потоа кој ќе влезел прв во водата бил излекуван. А сите болни луѓе сакале да бидат излекувани! Особено сакатиот човек се надевал дека ќе добие прва помош од водата.

Човекот: „Не можам да го свртам погледот од водата. Таму се движи! Треба да бидам првиот што ќе влезе во водата (звук на воздишка). Повторно задоцнив. Никогаш нема да успеам“.

Разочаран, повторно легнал на својата постелка. Чекал „прва помош“ 38 години.

Еден ден некој го посетил.

Исус: „Сакаш ли да бидеш излекуван?“

Човекот: „Да, но нема кој да ме стави во водата. Секогаш некој друг влегува во водата пред мене“.

Исус: „Стани! Земи си ја постелката и оди“.

Човекот станал и бил излекуван. Добил прва помош без игла или фластер. Целосно здрав по 38 години! Се прашувам дали другите болни луѓе кои го виделе тоа биле среќни?

Фарисејот: „Што мислиш дека правиш? Денеска е сабота. На овој ден за одмор е забрането да ја носиш твојата постелка“.

Човекот: „Човекот кој ме излекува ми рече да си ја земам постелката и да одам“.

Фарисејот: „Кој беше тоа?“

Човекот: „Не знам. Не го видов повторно“.

Дали знаеш кој бил тоа? Точно, Тој бил Господ Исус. Тој најдобро дава прва помош. Не само за нашето тело, туку и за нашата душа. Тој помага и спасува со задоволство.

Кога подоцна разговарал со излекуваниот човек, му дал добар совет.

Исус: „Сега си здрав. Не биди неправеден и не греши повеќе за да не ти се случи нешто полошо“.

Можам да замислам на што мислел Исус. Можеш ли и ти?


Улоги: Раскажувач, човек, Исус, фарисеј, девојче.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:01 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)