STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 137 (The destination indicator 5)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

137. Покажувачот на правец 5


Девојче: „Училиште на животот дел 4. Патоказ за крајната цел“.

(звук на сообраќаен метеж)

Лена: „И сега по кој пат?“

Кети: „Ова е смешно. Упатствата се дома закачени на мојата огласна табла“.

Лена (прекорно): „Одлично! Сега што ќе правиме?“

Кети: „Таму има знак со насоки“.

Дали девојчињата пристигнаа до својата крајна цел? Добро е што постојат патокази за крајната цел. И не само во сообраќајот, туку и за нашите животи. Дали знаеше дека Бог ни дава насоки?

Момче: „Како изгледаат тие?“

Имаат раце и нозе, уши и уста. Како Филип. Тој бил патоказ кој го знаел единствениот пат до Бог. Можел добро да го објасни. На многумина им го покажувал патот до Исус.

Ангел: „Филип, оди јужно по патот кој води од Ерусалим до Газа“.

На Бог Му бил потребен Филип. Ти си Му потребен на Бог. Потребни Му се луѓе кои го знаат патот. Ќе бидеш ли ти патоказ кон крајната цел – Исус?

Можеш да научиш многу од Филип. Тој не рекол: не ми се оди.

Веднаш послушал. Не бил долго време сам на правливиот пат. Министерот за финансии на кралицата на Етиопија се возел во голема кочија. Тој човек поминал над 200 километри со цел да се поклони во Ерусалим. Во Храмот тој купил скап свиток за себе. Додека патувал гласно ги читал библиските стихови од свитокот.

Филип се стрчал кон кочијата.

Филип: „Го разбираш ли тоа што го читаш?“

Етиопјанецот: „Не. Нема кој да ми објасни. Дојди седни до мене и објасни ми што значи ова“.

Филип: „Читаш за Исус. Тој е единствениот пат до Бог. Верувај во Него и ќе те донесе до твојата цел во овој живот и во животот што доаѓа“.

Етиопјанецот: „Верувам дека Исус е Божји Син“.

Филип бил патоказ за крајната цел кој покажувал на Исус. И министерот за финансии го следел неговото водство.

Неговото срце го нашло вистинскиот пат. Радосен се враќал дома и тоа е сè што знаеме за неговата приказна.

Се надевам дека го знаеш единствениот пат до Бог и дека си патоказ кој покажува кон Исус: дома, во училиштето, со твоите пријатели. А некој ден, можеби, низ Македонија, каде што патоказот кој покажува кон Исус е многу потребен. Но и во Африка и Азија.

Милиони луѓе немаат патоказ. Тие сè уште немаат слушнато дека Исус е единствениот пат до Бог.


Улоги: Раскажувач, момче, девојче (и Лена), Кети, ангел, Филип, Етиопјанецот.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on November 09, 2021, at 03:37 PM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)