STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 132 (Fish and questions at breakfast)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

132. Риба и прашања за појадок


Настаните се случиле многу брзо. Ако во тоа време имало весници, тогаш Велигден во 33 година ќе се најдел на насловната страница.

Читател: „Целосна темнина на денот кога Исус умре“.

Читателка: „Мртвите воскреснаа и влегоа во градот“.

Читател: „Земјотресите ги распукаа карпите“.

Читателка: „Капетанот признава дека Исус е Божји Син“.

Читател: „Последните зборови на Исус: завршено е!“

Читателка: „И со големи букви на насловната страница: Гробот е празен!“

Дали ова било во „Ерусалим денес“? Не. Ова се извештаи на очевидци во Библијата, извештаи што треба да ги прочиташ сам.

Гробот е празен. Исус живее! По воскресението отишол кај учениците. Тие сè уште тагувале и биле исплашени. Но кога Го виделе Исус биле многу среќни.

По ова Петар и другите ученици излегле од Ерусалим и заминале во своите домови покрај Галилејско Езеро.

Петар: „Ќе ловам риби“.

Јован: „Ќе дојдеме со тебе“.

Вечерта пловеле по езерото. Но во текот на ноќта не фатиле ниту една риба. Кога зазорило Исус стоел на брегот. Учениците не знаеле дека е Тој.

Исус: „Имате ли нешто за јадење?“

Јован: „Не“.

Исус: „Фрлете ја мрежата од десната страна на бродот“. (звук на прскање вода)

Петар: „Мрежата е полна!“

Јован: „Ова е Исус, Господ!“

Само на 300 метри од брегот имале одличен улов и донесле 153 риби.

Исус: „Дојдете и појадувајте!“

Покрај огнот имало подготвени леб и риби на скара. Тоа било третпат Исус да им се појави на Своите пријатели. Петар го мачела совеста. Помислил на вистината дека трипати одрекол дека Го познава Исус. По појадокот Исус насамо разговарал со Петар.

Исус: „Петар, дали Ме сакаш?“

Петар: „Да, Господе, знаеш дека Те сакам“.

Исус: „Петар, дали Ме сакаш?“

Петар: „Да, Господе, знаеш дека Те сакам“.

Исус: „Петар, дали Ме сакаш?“

Петар се натажил зашто Исус трипати го прашал.

Петар: „Господе, Ти знаеш сè. Знаеш дека Те сакам“.

Дали ова е твојот одговор на прашањето на Исус до тебе денес?

Исус му простил на Петар. Кому му е простено многу, Го сака Исус многу!


Улоги: Раскажувач, читател, читателка, Петар, Јован, Исус.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:00 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)