STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 120 (The newcomer 4)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

120. Новодојдениот 4


Лука беше вчудовиден. Неговата најдобра резба лежеше скршена на земјата. Сега никогаш не можеше да освои награда. Лука, отпадникот, сакаше да им докаже на другите дека е добар во нешто. Но сега уметничкото дело му беше уништено.

Лука се посомнева во Анет. Но не можеше да докаже.

Сега почесто се искачуваше на планината до неговиот швајцарски дом. Честопати седеше сам на трупец и резбаше нешто.

Човекот: „Ти си добар резбар, момче мое“.

Зачуден Лука погледна наоколу. Тоа сигурно е стариот човек кој живее сам во неговата колиба. Во градот сите тајно зборуваа за него. Но пријателските очи на човекот предизвикаа Лука да му верува.

Човекот: „Дојди со мене и ќе ти ги покажам моите резби“. (звук на крцкање на врата)

Лука: „Одлично! Ти ги направи сите овие фигури?“

Човекот: „Еден ден и ти ќе резбаш толку добро. Можеби, за пријател“.

Лука: „Јас немам пријатели“.

Човекот: „Тогаш си многу интересен лик. Ќе сакаш ли да ми кажеш за твојот проблем?“

Лука: „Дени е осакатен. Сите мислат дека јас го турнав во бездната. Сите ме мразат. Анет ме мрази најмногу. И јас ја мразам неа“.

Човекот: „Сите правиме лоши нешта во животот, дури и јас. Имав огромен долг поради алкохол и коцкање. Ме фатија додека се обидував да ограбам банка. Бев на работ на силите“.

Лука: „И многу осамен?“

Човекот: „Сè уште сум осамен. Но кога излегов од затвор, почнав нов живот со Исус“.

Лука: „Имаш ли роднини?“

Човекот: „Мојата сопруга веќе не е жива. А моите два сина мислат дека и јас сум мртов. Едниот е деловен човек, а другиот e познат хирург. Тој им помогна на многу луѓе да можат повторно да одат. Сега престојува во хотелот во градот“.

Во главата на Лука мислите му беа збркани. Можеш ли да замислиш каков план правеше тој во неговиот ум? Стариот човек со љубов ја стави раката на рамото на момчето.

Човекот: „Лука, ти ми се довери за твојот проблем. Нема ли да разговараш со Господ Исус за твојата омраза и да Го замолиш да среди сè како што треба?“

Лука не се срамеше кога по лицето му потекоа солзи. Го замоли Господ Исус да му прости. Срцето му беше исчистено од секаков грев.

Многу е лесно. Не само за Лука, туку и за тебе.

А Анет? Ќе слушнеш повеќе за неа во следната драма.


Улоги: Раскажувач, Лука, човек.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:58 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)