STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 117 (Sad Christmas memory 1)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

117. Тажен божиќен спомен 1


Анет се превртуваше во креветот. Одеднаш се сети: Божиќ е! Со таа мисла скокна од креветот.

Анет: „Дени! Дени, каде си?“

Дени: „Анет, дојди брзо на влезната врата“.

Анет: „Што правиш надвор? Ќе се разболиш“.

Дени: „Анет, Дедо Мраз беше овде! А ти рече дека нема да биде во можност да го направи тоа за нас на планината. Но јас сепак ги ставив црвените влечки надвор и види! Ми донесе нешто“.

Анет виде. Снежно бело маче се стутулило во меките влечки. Дени го однесе во куќата.

Дени: „Ќе му дадам име Снежана. Многу сум среќен“.

Дени му даде топло млеко на мачето, а Анет седна на столчето за лулање на баба ѝ и ги гледаше. Додека гледаше помисли на Божиќ пред 5 години.

Тогаш имаше седум години и ѝ беше дозволено да оди во црква со сосетката и нејзиниот син Лука. Беше многу убаво да се слуша пеењето и да се слуша како пасторот раскажува за бебето Исус. Но, едноставно, не можеше да го трпи Лука, алчното момче со црна коса. Тој ја молеше Анет да му го даде нејзиното божиќно колаче. Но, не му го даде. Апсолутно не! Потоа тргна низ снегот и се врати дома. Со нетрпение го чекаше Бадник. Но кога го виде тажното лице на татко ѝ се изненади.

Анет: „Дали ѝ е полошо на мама?“

Таткото: „Да, Анет, многу е болна. Прашува за тебе“.

Тивко Анет отиде до нејзиниот кревет. Никогаш нема да го заборави тоа што ѝ го кажа мајка ѝ со тивок глас:

Мајката: „Анет, имам подарок за тебе. Тоа е братче. Грижи се добро за него“.

Анет го зеде бебето. Што значеше тоа? Подоцна татко ѝ дојде кај неа.

Таткото: „Анет, мајка ти не е повеќе со нас. Слави Божиќ на небото. Знаеше дека ќе умре и затоа ти го даде малиот Дени“.

Анет заспа плачејќи во рацете на татко ѝ. Тоа беше многу тажен Божиќ.

Анет беше толку задлабочена во мислите што дури не сфати дека баба ѝ влегла во собата.

Дени: „Бабо, може ли да ни раскажеш за небото?“

На Дени му се допаѓаше кога баба им раскажува за тоа прекрасно место каде што нема солзи.

Но во срцето на Анет судирот со Лука сè уште беше таму. Немаше место за Исус. Што беше причината сè да стана уште полошо.

Што се случило можеш да слушнеш во следната драма.


Улоги: Раскажувач, Анет, Дени, таткото, мајката.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:57 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)