STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 104 (Pharaoh is obstinate 4)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

104. Фараонот се инаети 4


Арон: „Мојсеј, дали навистина си ти? Шалом“.

Мојсеј: „Арон, не ми се верува! Не сме се виделе 40 години“.

Браќата се прегрнале. Радоста им била голема.

Бог имал задача за нив.

Мојсеј требало да ги изведе Израелците од ропството во Египет. А брат му требало да му помогне да го направи тоа. Требало да одат кај фараонот, кај тој ужасен владетел. За тоа им била потребна голема храброст.

Мојсеј: „Фараону, ГОСПОД, Бог на Израелците ти вели: Пушти ги Моите луѓе да заминат“.

Фараонот: „Господ? Кој е тој? Не Го познавам. И воопшто не планирам да ги пуштам Израелците да заминат. Излегувајте одовде!“

Фараонот не сакал да Го послуша Бог.

Фараонот: „Вие мрзливци! Вратете се на работа. Нема да добиете повеќе слама за правење тули. Најдете си ја сами. Но сепак треба да направите ист број тули како порано“.

Неразбирливо! Тогаш сè било дури полошо од порано. Израелците го искарале Мојсеј. Мојсеј се молел.

Мојсеј: „Господе, зошто ме испрати кај фараонот? Сега е полошо за нас од кога било досега. Не направи ништо за да го ослободиш Твојот народ“.

Бог зборувал: „Набрзо ќе видиш што ќе му направам на фараонот. Ќе го принудам да ве пушти да заминете. Тоа што го ветив ќе го извршам. Ќе ве ослободам“.

Бог им испратил многу казни на Египќаните.

Момче: „Еднаш ја преобразил сета вода во реките во крв. Но фараонот сè уште не верувал“.

Девојче: „Фуј, потоа жаби ја покриле целата земја. Дури влегле и во креветот на фараонот“.

Момче: „Потоа ужасно невреме со град ги уништило сите посеви“.

Момче: „Три дена било целосна темно. Но сите овие чуда не го убедиле фараонот. Тој бил многу тврдоглав“.

Момче: „Чудно е што овие казни воопшто не им наштетиле на Израелците“.

Тогаш Бог ја објавил најлошата казна од сите.

Бог зборувал: „Уште една казна ќе дојде на фараонот и на Египет, а потоа ќе бидете слободни“.

Мојсеј отишол кај фараонот последен пат.

Мојсеј: „Вечерва Бог ќе помине низ египетската земја и најстариот син во секое семејство ќе умре. Дури и твојот син. Тогаш ќе знаеш дека Израелците Му служат на живиот Бог“.

Дали конечно фараонот го препознал ова? Ќе дознаеш во следната драма.


Улоги: Раскажувач, Мојсеј, Арон, фараонот, Бог, момче, девојче.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:55 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)